„Гатанки за сè и сешто и за уште нешто” од Магде Ангова - нова книга која е совршен подарок за најмалите

gatanki-za-se-i-seshto-i-za-ushte-neshto-od-magde-angova-nova-kniga-koja-e-sovrshen-podarok-za-najmalite-01.jpg

Тој ги раскажува приказните на необичен наичин, знае да си игра со зборови, им додава некој магичен зачин. 

Точките, запирките и другите интерпукциски знаци, вешто ги протнува низ текстот, ко сонцето своите зраци.

Доколку е навистина талентиран, ќе ти направи кино в глава, неговите дела може да му донесат светска слава.

Ќе се сетите ли на одговорот на оваа гатанка?

gatanki-za-se-i-seshto-i-za-ushte-neshto-od-magde-angova-nova-kniga-koja-e-sovrshen-podarok-za-najmalite-02.jpg

Гатанката која го има одговорот – писател е една од стотината гатанки објавени во книгата „Гатанки за сè и сешто и за уште нешто” од Магде Ангова.

Промоцијата на првата книга за деца од младата авторка се случи на 08.04.2022 година во просториите на кафе книжарницата на Литература во City Mall.

gatanki-za-se-i-seshto-i-za-ushte-neshto-od-magde-angova-nova-kniga-koja-e-sovrshen-podarok-za-najmalite-03.jpg

Имајќи предвид дека литературата за деца спаѓа во една исклучително дефицитарна област, книгата претставува игрива збирка која ги оживува и осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата.

„Не постои апликација или онлајн игра која подобро ќе ги анимира и забавува децата од квалитетно време поминато со вас – родителите. Книга, секако, секогаш е одличен избор за забава, дружење и поврзување помеѓу родителот и детето, уште подобро доколку истата е интерактивна”, вели Магде Ангова.

gatanki-za-se-i-seshto-i-za-ushte-neshto-od-magde-angova-nova-kniga-koja-e-sovrshen-podarok-za-najmalite-04.jpg

„Книгата ‘Сто сонца’ од Видое Подгорец беше мојата првична инспирација за пишување на гатанките. Обожувам да римувам, да стихувам, да наоѓам необични, подзаборавени зборови од македонскиот јазик и истите да ги вметнам во современ контекст. Уживам кога пишувам за деца, особено затоа што тоа ја радува и ја инспирира и мојата шест годишна ќерка.

Пишувањето го разубавува и му дава живост на мојот свет, а уште поголема радост е што креативното творење го оформува и светот на Илина. Таа впрочем беше и мојот прв критичар, филтер за напишаните гатанки.

gatanki-za-se-i-seshto-i-za-ushte-neshto-od-magde-angova-nova-kniga-koja-e-sovrshen-podarok-za-najmalite-05.jpg

Да се пишува за деца не е едноставно, затоа што најмалите, всушност се и најголеми книжевни критичари и нивното внимание воопшто не е едноставно да се задржи. Квалитетот на напишаното кај децата се мери со времето, посветеноста и заинтересираноста за она кое им го нудите/читате.

gatanki-za-se-i-seshto-i-za-ushte-neshto-od-magde-angova-nova-kniga-koja-e-sovrshen-podarok-za-najmalite-06.jpg

Се радувам затоа што за кратко време книгата “Гатанки за сè и сешто и за уште нешто” котира високо на листата на читаност. Децата ја бараат, сакаат да ја читаат и да се забавуваат со гатанките.

gatanki-za-se-i-seshto-i-za-ushte-neshto-od-magde-angova-nova-kniga-koja-e-sovrshen-podarok-za-najmalite-07.jpg

Се разбира, ова ми е дополнителен мотив за и понатаму да творам жанровски за деца. Се пронајдов во пишувањето, се разбира дека истото го правам од поодамна, но сега откако е објавена мојата прва книга за деца, немам намера да запрам овде. Ќе пишувам и ќе создавам за децата затоа што тие се најискрената и најтопла читателска публика.”

gatanki-za-se-i-seshto-i-za-ushte-neshto-od-magde-angova-nova-kniga-koja-e-sovrshen-podarok-za-najmalite-08.jpg

Инаку, авторката живее во Гевгелија, а работи во Општина Дојран како личност за односи со јавноста. Таа е магистер по медиуми и комуникации, а во моментов ја завршува и магистратурата по психологија.

gatanki-za-se-i-seshto-i-za-ushte-neshto-od-magde-angova-nova-kniga-koja-e-sovrshen-podarok-za-najmalite-10.jpg

gatanki-za-se-i-seshto-i-za-ushte-neshto-od-magde-angova-nova-kniga-koja-e-sovrshen-podarok-za-najmalite-09.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg