Совети за рационално трошење парични средства за време на празниците
- Детали
- вторник, 19 април 2022
Празничниот дух лесно може да ве понесе и натера да потрошите многу повеќе пари од планираното за работи кои можеби и не ви се потребни.
Купувањето храна и пијалаци за различни празнични собири, празнична облека и нови декорации може многу лесно да излезе од контрола. Да, можеби сите овие работи се неопходни за да ја доживеете празничната еуфорија, но не мора да значи дека треба да потрошите цело богатство за да го постигнете истиот ефект. Со малку планирање, буџетирање и неколку практични совети, ветуваме дека ќе ги прославите претстојните празници без да потрошите премногу пари или да го истрошите целиот лимит одобрен на вашите кредитни картички.
1. Овие празници поминете ги со семејството
Знаеме дека празниците ни овозможуваат неколку слободни денови и неретко овие денови се користат за патувања за чија организација сигурно ќе потрошите голем дел од вашата заштеда со оглед на високите цени во текот на празничните денови. Затоа, предлагаме да ги искористите овие денови за поминување квалитетно време со вашето семејство, а патувањето да го поместите за понатаму. Зарем не е празничната еуфорија најубава дома?
Доколку решивте да останете дома, подготвивме неколку совети за тоа како со минимален трошок да го декорирате вашиот дом, да ја украсите трпезата и секако, да го подготвите вашиот празничен изглед.
2. Направете сами декорации за вашата празнична трпеза
Зошто да купувате разни украси, орнаменти или украсни свеќи кога сето тоа можете да го направите дома. Се што ви треба е малку слободно време, креативност и желба. И секако, насоки кои ќе ги пронајдете овде.
3. Подгответе богато мени со состојки по пристапни цени
Вашето мени за празничната трпеза може да изгледа многу богато, а притоа да не потрошите цело богатство при подготовката. Потребна е вашата желба за готвење и креативност, а ние ќе ви помогнеме со три едноставни рецепти за стартер, главно јадење и десерт.
4. Направете нов стајлинг со облека што веќе ја имате
Празниците значат семејни собири, излегувања и дружби со пријателите. А кој не сака да го освежи својот плакар со нова облека токму за празниците? Наместо трошење средства за целосно нов стајлинг, предлагаме да го „апдејтирате“ вашиот стил со комбинирање на неколку парчиња од кои едно ново, едно парче облека кое никогаш не го носите и едно парче кое секогаш го носите. Резултатот ќе ве изненади. А доколку сепак се одлучите за шопинг, тогаш предлагаме да си одредите буџет и да не го пречекорувате. Започнете да експериментирате со бои и дизајни и внесете свежина во стилот.
Доколку сепак ви се потребни повеќе средства од оние со кои располагате, не грижете се. Има решение и за тоа. Вашата Халкбанка Ви овозможува дозволено пречекорување на вашата трансакциска сметка до 3 месечни плати за вработени и 2 месечни пензии за пензионери. Дополнително, добивате и Mastercard Debit Contactless картичка со која можете да повлекувате готовина од сите банкомати во земјата без провизија.
Имајте безгрижни празници со вашиот верен партнер Халкбанка!