„Најдобрата верзија од тебе“ - програма за жени

Дали често се прашувате како да направите баланс помеѓу самите себе и околината, и да не дозволиме мислењето на другите да не фрли во депресија? 

najdobrata-verzija-od-tebe-programa-za-zeni-01.jpg

Нели би било убаво да ја пронајдеме животната страст и да престанат маките во однос на финансиите?

Затоа што ова се едни од основните теми кои не засегаат секој ден и не ни дозволуваат да имаме среќен и исполнет живот, се инспириравме да создадеме 4 неделна групна програма која ќе даде одговор на овие и многу други прашања.

Работејќи со многу жени дојдовме до заклучок дека се повеќе се спремни за учење, личен развој и пронаоѓање нови начини за квалитетен живот.

Па затоа програмата “Најдобрата верзија од тебе“ ќе им даде можност на овој тип на жени и мајки кои се спремни да одат на друго ниво, каде се повторно заљубени во себе, каде имаат одлични односи со најблиските и каде ја живеат својата животна страст во изобилство.

Во ова едномесечно незаборавно искуство, овие девојки ќе имаат можност да бидат едуцирани, инспирирани, и да ја променат својата перцепција во однос на следниве 4 теми:

  • Self-love и самодоверба
  • Односи и родителство
  • Изобилство 
  • Животна страст

Целта на оваа програма е да се подигне свеста во однос на овие теми, и да се дадат одговори на конкретни проблеми со кои се среќаваат учесничките.

Со самото пријавување добиваат аудио-хипноза со која го репрограмираат својот ум за станување најдобра верзија од себе.

Добиваат и 4 медитации, предавања, задачи, одговори во живо и многу повеќе.

Долгогодишното искуство на Кристина Дескоски како РТТ терапевт и животно искуство во личниот развој на Катерина Љамова Богоевска се преточени во оваа програма што ќе го промени животот на многу жени.

Пријавите се во тек, програмата започнува на 1 мај и материјалот можете да ја следите два месеци.

Пријавувањето е на овој линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg