Интервју Ана Умерова, А1 Македонија: „Градиме тим со најдобри вработени и сакаме да ги имаат потребните вештини за чекорење во иднината“

А1 Македонија, членка на реномираната Групација А1 Телеком Австрија која има повеќе од 20 илјади вработени, постојано инвестира во едукацијата на своите вработени градејќи тим од професионалци подготвени за спроведување најсовремени дигитални решенија за корисниците на сите седум пазари.

intervju-ana-umerova-a1-makedonija-gradime-tim-so-najdobri-vraboteni-i-sakame-da-gi-imaat-potrebnite-veshtini-za-chekorenje-vo-idninata-01.jpg

Специјално оформениот тим за учење и развој на вештини, ја има токму оваа задача – да ги препознае најактуелните теми и да овозможи модерни решенија за стекнување на овие вештини за своите колеги.

Менаџер на тимот е Ана Умерова, за која учењето и развојот се лична пасија, како што вели, само така подготвени би ја пречекале иднина. За Ана учењето нови нешта е движечката сила, со што го предизвикува статус квото во средината каде што работи и живее. Таа е дел од амбициозен тим од A1 Македонија и А1 Хрватска, кој има една голема цел – да го овозможи и да го забрза потребното знаење за иднината на сите наши 3.000 колеги во А1. Со Ана разговараме за процесот на учење во А1.

1. А1 Македонија е една од ретките компании во земјата која не само што го стимулира учењето како значаен процес за напредување, туку има креирано и своја програма за учење, која одговара на потребите и предизвиците на новото време. Зошто фокус на културата на учење?

Нашата мантра, која сигурно веќе звучи познато, во овој случај е единствената вистина: живееме во време на дигитална експанзија, која станува присутна во секој дел од нашето живеење, а А1 Македонија ја има задачата да овозможи дигитализација за сите. Затоа, како и досега, во центарот на нашето внимание се нашите колеги, со кои градиме тим од најдобри вработени за кои сакаме да ги имаат потребите вештини и алатки за професионален раст и развој и на тој начин заедно да ја развиваме компанијата, производите и услугите наменети за корисниците.

Токму затоа, континуираното имплементирање различни решенија за развој е неопходно. Во процесот на создавањето на програмите за учење, активно ги вклучуваме вработените, раководителите и лидерскиот тим, со цел да обезбедиме решенија што ќе имаат директен импакт врз исполнувањето на целите и стратегијата на компанијата. Тоа е континуиран процес на кокреација, која нуди различни пристапи за учење, кои како крајна цел ќе претставуваат имплементација на понапредни и иновативни решенија во различни проекти, use-cases и редовни линиски активности.

Свесни сме дека тие вештини што во минатото нè донеле дотука, нема да бидат доволни да нè одведат во иднината. Дали може да се сетите кои алатки и вештини сте ги користеле пред 5 години? Дали можевте да замислите пред 2 и пол години дека работата ќе може да се извршува речиси целосно онлајн? Учењето во А1 е патот што ќе нè однесе во иднината.   

2. Кои се главните теми на кои се фокусиравте?

Главните теми што се фокус во 2022 година, продолжуваат да бидат Digital and Future Skills (Data analytics & AI, 5G, Digital & Growth Marketing, Process automation & Power Apps, Cloud итн).

Но, голем фокус оваа година ќе ставиме и на воведување нови методи и дигитализација на процесот на учење. Имено, со цел да ја зголемиме примената во практика на стекнатите вештини, ќе ги воведеме програмата за Group Expert Mentoring и Community of Practice, каде што интерните експерти ќе им даваат практични совети и помош на колегите при работа на нивни конкретни задачи и проекти. Дополнително, дигитализацијата на процесот на учење преку апликацијата A1 Learning App, ќе овозможи напредно дигитално решение за пријавување на обуки, одобрување присуство од страна на раководителите, репортинг во реално време, како и можност за евалуација на обуките, давање препораки (тестимонијали) и подобро планирање на своето време за учење.

3. Што претставува програмата A1 Future Hub?

Минатата година ја воведовме A1 Future Hub, како интегрирана програма за учење на ниво на кластер А1 Македонија и А1 Хрватска. Преку програмата обезбедуваме можности за раст и развој преку усогласување на вештините, компетенциите и аспирациите на вработените со потребите на бизнисот, со цел развојот да биде значаен и реален. Програмата А1 Future Hub е создадена да биде целосно усогласена со стратегијата на компанијата како начин за поддршка на градење на компетенциите и способности во рамките на 3 клучни точки:

1. Развој на вештините за лидерство (Future Leaders),

2. Развој на идни и дигитални вештини (Future and Digital Skills),

3. Развој на функционални меки вештини и развој на експертско знаење (Expert Essentials)

Со цел да се изврши навремена трансформација на бизнисот и да бидеме подготвени за новите начини на работа, клучниот чекор во развојот на А1 Future Hub беше да се идентификува какви вештини и знаења им се потребни на нашите вработени да развијат за да бидат подготвени за иднината.

4. Како експертка одговорна за кластерот А1 Хрватска и Македонија, можете ли да повлечете паралела помеѓу потребите за учење на двата пазари? Дали се слични или потполно различни?

Уште пред две години ги препознавме предностите на кластерските синергии и целосно ги усогласивме програмите и методите на учење на ниво на кластер А1 Македонија и А1 Хрватска, што значи сите програми за учење и развој, ги создаваме, развиваме и имплементираме заедно и во исто време во двете држави за повеќе од 3.000 наши вработени. Воедно, и на ниво на Групација А1, носители сме на признание за програмите што ги имплементираме како едни од најдобрите, кои исто така се потврдени и на светски натпревари за најдобри HR-практики. Во оваа пригода би сакала да истакнам дека станува збор за еден мал, но многу амбициозен и кул кластерски тим на L&D професионалци (Нивес, Иван & јас J), кои имаме пасија за учење и огромно искуство во имплементација на напредни решенија за учење. Тимската работа, заедничката поддршка и одличната атмосфера се магичната формула за резултатите.

5. Која е Вашата препорака за учење за вештина на иднината?

Минатата недела бев на една конференција каде што еден од главните спикери кажа една моќна порака, „Excellence is never an accident!“, или во превод: „Врвните резултати никогаш не се случајност“. Тие се резултат на промислени акции и вложен труд. Јас лично верувам дека успехот зависи од секој од нас поединечно, колку ќе се вложиме во остварување на својот потенцијал и аспирации.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg