Со слоганот „Нека живее љубовта“ во Будва од 29 април почнуваат карневалските празнувања

На крајот на април и почетокот на мај, улиците и плоштадите во и околу стариот град Будва традиционално зујат со весела бучава. Време е за карневал! По две години тишина, се враќаме со карневалскиот живот во полн сјај.

so-sloganot-neka-zhivee-ljubovta-vo-budva-od-29-april-pochnuvaat-karnevalskite-praznuvanja-01.jpg

Туристичката организација на општината Будва, во соработка со основачите на карневалот – НВО „Фештаџуни“, ви го најавува Меѓународниот туристички карневал, кој ќе се одржи од 29 април до 2 мај, под слоганот „Нека живее љубовта“.

Забавата ќе започне на 29 април, кога Фештаџуни и нивните пријатели ќе ги повикаат на карневал сите будвански семејства, пред се’ староседелците, но и угостителите и бројните гости што престојуваат во Будва. Абрум е случување кое традиционално се поврзува исклучиво со будванскиот карневал.

Големата карневалска поворка, која е воедно и централното случување, со преку илјада учесници од земјите од регионот и Европа, во сабота на 30 април, од 19:30 часот, ќе прошетаат преку магистралата од главната градска пошта до Плоштадот на сликарите, во придружба на музика. По претставувањето на карневалската група, следува голема самба забава која ќе трае до утринските часови.

so-sloganot-neka-zhivee-ljubovta-vo-budva-od-29-april-pochnuvaat-karnevalskite-praznuvanja-03.jpg

Детскиот карневал ќе се одржи во недела, 1 мај, од 16:30 часот, а појдовната точка е централната градска градинка. Покрај возрасните, и најмалите тој ден ќе ги раскажат нивните приказни и ќе ја претстават својата градинка, училишта или пак едноставно – нивната весела дружина.

Истиот ден, од 20 часот, на централната бина при главниот градски плоштад, ќе се одржи голем првомајски концерт. SMF, The Grupa, Tap 011, Indira Forza ex Colonia ќе се погрижат за сјајната атмосфера.

Последниот ден од првомајските свечености на плоштадот ќе го заокружат Градскиот хор на Културниот центар „Никола Ѓурковиќ“ од Котор, додека од 21 часот голем пролетен концерт ќе одржи Градската музика на Будва.

so-sloganot-neka-zhivee-ljubovta-vo-budva-od-29-april-pochnuvaat-karnevalskite-praznuvanja-04.jpg

Во Стариот град, на пјацетата кај куќата на Чекрдековиќ, платото пред „Јадранска стража“ и Плоштадот на палмите, во текот на целата вечер ќе се одржуваат карневалски и DJ журки. DJ Nikola Vemić, MC Smoke Mardeljano, Kristijan Molnar b2b After Affair и многу други овогодишни карневалски свечености ќе ви го донесат оној нов, модерен звук.

„Убавите случувања, кои ја истакнуваат Будва во однос на другите дестинации веќе со години, конечно се враќаат на голема врата. Ни недостасуваше дружбата, непосредниот однос со публиката, танцот и креативноста. Очекуваме дека Будва во текот на христијанските и првомајските празници и оваа година ќе биде центар на случувањата кои ќе инспирираат многумина да ги поминат своите летни одмори токму тука“, порачуваат од Туристичката организација на Општина Будва.

so-sloganot-neka-zhivee-ljubovta-vo-budva-od-29-april-pochnuvaat-karnevalskite-praznuvanja-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg