Во петок започнува првиот Стартап Викенд Охрид

Пријавување со идеја или без, одлична локација и уште подобри можности за развивање победничко бизнис решение. Звучи примамливо? Пријавете се и учествувајте на првиот Techstars Startup Weekend Ohrid.

vo-petok-zapochnuva-prviot-startap-vikend-ohrid-01.jpg

Стартап Викенд Охрид започнува овој петок, од 15-ти до 17-ти април во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и е дел од глобалната мрежа на Techstars. Сите учесници ќе имаат шанса да се запознаат со дел од македонската стартап заедница, да креираат тим, да ги развијат своите идеи од концепт до прототип и да ги претстават пред жири на ИТ професионалци и инвеститори.

Тимот позади Стартап Македонија, поддржани од стартап заедницата во Охрид и многу други стартап основачи и ентузијасти, по повеќе изданија во Скопје, го организираат првиот стартап викенд во Охрид. На едно место ќе се соберат основачи и ментори од многу македонски стартапи меѓу кои Cognism, Adeva, Intelory, Excelerate, Impala, Howitzer, Konceptiva, Fitkit, и корпорациите Oracle, НЛБ Банка, МакПрогрес, IT Labs, SEDC, Seavus Accelerator и други  кои ќе бидат дел од настанот. Нивните совети и професионални мислења ќе им бидат достапни на учесниците и ќе бидат мотив плус за успех. Искусни ментори, одлична дружба, споделување непроценливо знаење и бројни награди е само дел од тоа што Стартап Викенд Охрид ќе понуди.

Во недела тимовите ќе презентираат пред жири комисијата за можноста да освојат одлични вредни награди кои ќе им помогнат брзо и лесно да продолжат да ги реализираат прототипите во стартапи, како и да се стекнат со оргомна мрежа на бизнис контакти. Значаен придонес на овој настан даваат бројни меѓународни проекти и организации како EU for Economic Growth Project (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH), RЕconomy, SwissEP, EFSE, USAID кои имаат за цел развој на претприемништвото и поддршка на стартапите.

Регистрирањето за учество на Techtars Startup Weekend Ohrid е отворено до 14ти Април  на следниот линк. Со регистрација на настанот сите трошоци во овие 3 дена се покриени за учесниците.

Mестата се ограничени! Па затоа ако имате генијална бизнис идеја, или пак сакате креативна средина, мотивација и дружба, побрзајте и резервирајте си го вашето место. Можеби токму твојата приказна ќе биде инспирација за идните претприемачи!

За повеќе информации посетете ги Facebook и веб страната на настанот. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg