Иџе освои извонредно второ место во Франција: „И по седум години покажав дека можам!“
- Детали
- среда, 13 април 2022
Двократниот европски шампион во првенството за ридски патеки, Игор Стефановски Иџе, по пауза од седум години се врати на ова натпреварување и тоа со фантастичен успех, освојувајќи го второто место во својата категорија на патеката до врвот Сен Пјер, во Франција. Видеолотарија Касинос Австрија како верен следбеник и поддржувач на неговите настапи останува да му биде ветер во грб и верува дека е можно да ја израдува Македонија и со нови победи.
Се возеа две трки, во неделата, а Стефановски го освои второто место на првата и третото на втората, но со собирањето на времињата од двете рунди, му припадна втората позиција на конечниот пласман. Пред него беше само францускиот шампион Никола Грание, чиј Сеат Леон бил 60 килограми полесен, а зад него, на трето место го остави ланскиот првак во Европскиот шампионат за ридски патеки, Италијанецот Антонио Муњиоло.
„Задоволен сум со настапот и со резултатот. Сепак се враќам на овие трки по пауза од седум години и добро е што си покажав и на самиот себеси и на конкуренцијата дека уште сум во форма. Веднаш освоив бодови, веднаш пиедестал, го победив и минатогодишниот европски шампион, така што екстра задоволен сум“, истакна Иџе, кој успеа да извози одлични трки и по еден дефект со сопирачките во саботата, кој сепак неговиот вреден тим го санирал.
Овој пласман е само охрабрување за него и за тимот на Иџе дека и со несоодветно возило може да се носи со европскиот крем во ова натпреварување. Оваа трка во Франција претставуваше само еден репер, од кој допрва треба да произлезат уште подобри резултати. Меѓутоа, за такво нешто потребно е уште работа, споделува Иџе.
„Треба да се направат корекции на возилото за да се адаптира на овие патеки. Овој автомобил не е предвиден да го даде максимумот на ваков терен, затоа и бев малку хендикепиран во однос на конкуренцијата. Ова е фабричко возило, кое не може многу да се менува, а нивните со години се подесувани на овој стил на натпреварување и на она ново правило со ’перформанс факторот‘. Секако, треба и јас да поработам на возењето, на некои техники за ридски патеки, што значи ќе биде подобро“, најави оптимистички Иџе.
Следната трка е на 8 мај во Португалија, а викендот потоа, на 15 мај, се вози во Шпанија, така што Иџе го очекува возбудлив месец на Пиринеите. Видеолотарија Касинос Австрија како верен следбеник и поддржувач на неговите настапи останува да му биде ветер во грб и верува дека е можно да ја израдува Македонија со нови победи.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно