Кугларите на „Макпетрол“ го освоија националниот куп

Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола беше домаќин на купот во куглање на Македонија којшто го освои скопскиот клуб „Макпетрол“.

kuglarite-na-makpetrol-go-osvoija-nacionalniot-kup-01.jpg

Актуелните шампиони на земјата, кои пред извесно време без пораз ја осигураа 21 титула во домашната лига, за 2022 година се носители на двојната круна, откако триумфираа и на неодамна одржаниот национален куп.

Второто место припадна на „Пелистер“, додека на турнирот учествуваа и „Макпетрол Б“, кои завршија на третото место. По нив се пласираа екипите на ГТЦ и на „Империјал“. Првиот тим на „Макпетрол“ имаше 3.400 соборени дрвца, а играчите Јаглишиќ и Марковиќ беа предводници во победничкиот поход на екипата.

Откако заврши куп-натпреварувањето, претседателот на Кугларската федерација на Македонија, Предраг Николиќ ги додели пехари и наградите на турнирот, но и ги прогласи најдобрите тимови во националниот шампионат за сезоната 2021 / 2022 година. Победничкото признание во лигата го доби „Макпетрол“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg