Д. Чифлиганец и Бузалковски со победи во БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Душко Чифлиганец, во голема интернационална конкуренција од 31 возач извојува победа во класата Формула 1000 од трката за БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на патеката Серес во Грција. Исто така, Чифлиганец забележа и најбрзо време во трка од 1:21:6, што засега претставува најбрзо време на македонски мото-пилот на оваа патека.

n-chifliganec-i-buzalkovski-so-pobedi-vo-bmu-jugo-istochno-evropskiot-shampionat-vo-brzinski-motociklizam-03.jpg

Во втората исклучително возбудлива трка, во многу тесна битка за подиумот за жал доживеа пад и заврши како четврто пласиран.

Христијан Бузалковски во класата Формула 600, која што е дел од истиот шампионат издвојува победи во двете трки во неговата категорија. 

n-chifliganec-i-buzalkovski-so-pobedi-vo-bmu-jugo-istochno-evropskiot-shampionat-vo-brzinski-motociklizam-01.jpg

Нашиот натпреварувач Синиша Кочовски кој заедно со Чифлиганец настапи во класата Формула 1000 забележа две втори места во големата интернационална Југо-Источно Европска конкуренција.

n-chifliganec-i-buzalkovski-so-pobedi-vo-bmu-jugo-istochno-evropskiot-shampionat-vo-brzinski-motociklizam-02.jpg

Успесите на нашите пилоти беа пречекани со достојна почит како од останатите натпреварувачи, така и од публиката. Овие резултати претставуваат голем успех за македонскиот мотоспорт, и за прв пат наметнуваат доза доминантност на нашите мото-пилоти во регионот. 

n-chifliganec-i-buzalkovski-so-pobedi-vo-bmu-jugo-istochno-evropskiot-shampionat-vo-brzinski-motociklizam-04.jpg

n-chifliganec-i-buzalkovski-so-pobedi-vo-bmu-jugo-istochno-evropskiot-shampionat-vo-brzinski-motociklizam-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg