12-то издание на ВиноСкоп на плоштадот Македонија од 4 до 8 мај

Крафт Продукција во соработка со Здружението Вина од Македонија, а под покровителство на Град Скопје го со големо задоволство ја информира јавноста дека еден од најатрактивните фестивали за вино во земјава ќе се одржи од 4ти до 8ми Мај 2022 на Плоштад Македонија во Скопје, под слоганот - Нашата омилена приказна – ВиноСкоп!

12-to-izdanie-na-vinoskop-na-ploshtadot-makedonija-od-4-do-8-maj-01.jpg

Оваа година ќе се случи 12тото издание на ВиноСкоп, фестивалот кој низ годините беше домаќин на публика која брои до 250.000 посетители.

Ова ново поглавје, ВиноСкоп заедно со своите посетители ќе го испишат со многу љубов и насмевки, придружени со огромен избор на домашно и странско вино, вкусна храна и најдобра музика.

Автентичноста на фестивалот и овој пат ќе се докаже со внимателно одбрани винарии, како и богата музичка програма која наскоро ќе биде споделена од организаторите. Бидете спремни и за дегустации на вино и неодоливи деликатеси приготвени во посебното ќоше за храна.

Оваа година на ВиноСкоп ќе се придружат и пријателите од Wines of Macedonia. WoM е организација која ја унифицира работата на локалните винарии, промовирајќи ги нашите вина низ целиот свет, бидејќи како што тие велат, виното е еден од нашите најзначајни симболи.

Приказната ВиноСкоп започна во 2012 година. Низ годините, беа претставени повеќе од 20 домашни и странски винарии секоја година, со најразлични вина од сите континенти, секогаш проследени со одлична храна, музика и активности. Секоја наредна година, фестивалот е посетен од се поголем број на љубители на виното, добрата храна и музика за душа. Фестивалот на виното до сега се одржувал на повеќе локации, а оваа година се враќа на плоштадот Македонија.

Бидете спремни за многу новитети и изненадувања!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg