Ајде секогаш да имаме време за она што е вистински важно

За сè што е добро во животот, потребно е време. Па така и за кафето. Една шолја вистинско домашно кафе бара време за да ја подготвиме, пред да можеме да уживаме во неа. Денес реченицата „Немам време“ стана постојан изговор, кој не изостанува во скоро сите секојдневни разговори во модерното доба.

ajde-sekogash-da-imame-vreme-za-ona-shto-e-vistinski-vazhno-01.jpg

А дали е навистина така? Дали ни недостига време или во ритамот на современиот живот често тоа време го трошиме на работи кои суштински и не се така важни?

Со препознатливата порака „Ајде да имаме време“ Гранд кафе и оваа година ве потсетува дека за важните работи и луѓето кои ги сакаме секогаш може и треба да се најде малку време. По големиот успех кој кампањата го имаше во претходните години, Гранд кафе ја продолжува својата мисија и порачува колку е важно да се одвои време за семејството, пријателите, па и за хобијата, за создавање незаборавни спомени... за сето она што е вистински важно.

Продолжението на кампањата сликовите претставува семејна приказна која ја нагласува важноста на блискоста, љубовта и поддршката. Главната тема е односот помеѓу децата и родителите – тема во која многумина ќе се пронајдат.

Тричленото „Гранд семејство“ го сочинуваат познатите српски актери: Никола Ѓуричко, Исидора Миниќ и Ива Илинчиќ, а нивната уверлива глума ги допира чувствата и прави да се поистоветуваме со овие јунаци. Како режисер се потпишува српскиот филмски режисер Срѓан Драгојевиќ.

„Како и повеќето мои филмови, оваа реклама за Гранд кафе е конципирана како огледало во кое секој, или барем поголемиот дел од луѓето, ќе се препознаат самите себе. Сигурен сум дека сите ние понекогаш имаме чувство дека нешто пропуштаме и тоа чувство ни предизвикува страв. Оваа реклама е повик дека треба да застанеме, да најдеме време за нашето семејство и да бидеме свесни колку се тие заеднички моменти драгоцени. Затоа за мене, цела оваа кампања на Гранд кафе е одлична и навистина ми е драго што сум дел од неа“, вели режисерот Срѓан Драгојевиќ.

ajde-sekogash-da-imame-vreme-za-ona-shto-e-vistinski-vazhno-02.jpg

Како припадничка на генерацијата која живее со прилично забрзано темпо, младата актерка Ива Илинчиќ неретко се соочува со предизвици кога треба да балансира помеѓу професионалните и приватните активности.

„Често имам чувство дека деновите ми поминуваат за час, без воопшто да можам да посветам време на моите најдраги. А баш во тие моменти, поминати во дружење со најблиските и пријателите, нашите разговори придружени со кафе, за мене се непроценливи. Иако понекогаш знаат да ме изнервираат, знам дека се тука за мене и дека секогаш ќе ја имам нивната безрезервна поддршка и разбирање. И тоа е многу, многу важно. Затоа ми е драго што сум дел од кампањата на Гранд кафе, која сите нас нè потсетува дека секогаш треба да најдеме време за драгите луѓе и оние мали работи кои ни го прават животот поубаво и поисполнет“, вели таа.

Исидора Миниќ, пак, ја истакнува важноста на родителската поддршка во текот на созревање на една млада личност.

„Мојот впечаток е дека направивме еден одличен мал филм, кој буди силни емоции. Живееме и работиме под стрес, постојано се грижиме како ќе се завршат работите и дали сè ќе биде во ред. А кога човек е постојано загрижен, нема време да ужива со луѓето кои најмногу ги сака и не забележува дека животот му поминува пред очи. Ова е истовремено и приказна за важноста на поддршката од родителите во текот на созревањето и обликувањето на еден млад човек. Многу е важно младите луѓе да имаат сигурност и потпора најпрво од своето семејство. Многу ми е драго што заедно со моите колеги и со Гранд кафе добивме можност да ја истакнеме оваа важна порака“, вели актерката Исидора Миниќ.

Топлото домашно кафе, чиј мирис се шири низ просторијата, е симбол на топлина, љубов, опуштање и уживање. Затоа ајде денеска тоа да не биде само пиење набрзина, туку да најдеме време да уживаме во кафето и дружењето со оние кои ги сакаме.

Ајде да имаме време!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg