Хиперпигментација – Што предизвикува темни дамки и како да се намалат?
- Детали
- четврток, 07 април 2022
Изложеноста на сонце е главна причина за појава на хиперпигментација на кожата, бидејќи сончевата светлина е главниот фактор за производство на меланин.
Дополнителни фактори се хормоналните промени, како и самиот процес на стареење. Меланинот делува како природен крем за сончање на нашата кожа така што не заштитува од штетните УВ зраци, што е причина луѓето да потемнуваат на сонце. Но, прекумерното изложување на сонце може да го наруши овој процес, и да доведе до хиперпигментација.
Откако ќе се појават темните дамки, дополнителното изложување на сонце може да го влоши проблемот со тоа што старечките дамки (или сончевите дамки), мелазмата и пост-воспалителните хиперпигментациски дамки ќе бидат уште потемни.
Важно е да се знае дека сончевите зраци влијаат на кожата дури и во облачните денови, и затоа заштита е потребна во текот на целиот ден. Освен што ја намалуваат хиперпигментацијата, Eucerin Anti-Pigment Day SPF 30 и Anti-Pigment Day SPF30 Tinted (со прекривен ефект, светла и потемна нијанса) нудат и ефикасна заштита од UVA и UVB (SPF 30) и спречуваат формирање на дополнителни пигментни дамки предизвикани од сонцето. Еуцерин Anti-Pigment Tinted овозможува изедначување на тенот на кожата, ги покрива дамките и делува на нивно намалување. Се користат во комбинација со Dual Serum како дел од холистичката рутина за нега на кожата, со цел ефикасно спречување и намалување на пигментните дамки.
Ограничувањето на изложеноста на кожата на сонце, исто така, ќе помогне да се намалат случаите на хиперпигментација. Обидете се да се држите подалеку од сонце кога е најинтензивно и носете заштитна облека вклучувајќи капи за сонце и очила секогаш кога е можно. Кога кожата е изложена на сонце, нанесете и производ за заштита од сонце: со соодветно ниво на заштитен фактор, кој е специјално формулиран за типот на вашата кожа.
Употребата на крем за сончање со широк спектар на заштита може да помогне да се спречи хиперпигментација.