Како и зошто да ја претворите вашата рутина во ритуал!?

Дури и ако отворите Википедија, една од дефинициите која ќе ја пронајдете за терминот рутина е “монотон ритам на животот; механички начин на работа, според искуство и навика, без навлегување во суштината на нештата.“

kako-i-zoshto-da-ja-pretvorite-vashata-rutina-vo-ritual-01.jpg

Секој од нас има свои рутини, нели? Повеќето од нас без многу размислување, се будиме наутро, ги миеме забите, појадуваме, се облекуваме и се подготвуваме за работниот ден. Се разбира, не секоја рутина е лоша бидејќи нè прави дисциплинирани, а постапките што се засноваат на искуството ни го олеснуваат извршувањето на работата или на некоја обврска. Меѓутоа, ако се држиме до некоја рутина долго време, во најмала рака ни станува досадна.

И затоа е важно, рутината да ја претвориме во забавен ритуал! Се разбира дека не е така лесно, но за да се претвори рутината во ритуал, првиот чекор е да додадеме оптимизам во нашето секојдневие и во рутините кои не очекуваат.

Така на пример, можете да се разбудите неколку минути порано, да го соберете семејството на појадок и да ги изненадете со чаша веќе подготвена Цедевита, наместо за тоа време растрчано да се подготвувате за работниот ден. Ова ќе ви помогне да го спречите стресот рано наутро поради неизвесноста на тој ден, а размената на убави зборови и поддршка со вашите најблиски ќе ви помогне да внесете оптимизам во вашето секојдневие.

kako-i-zoshto-da-ja-pretvorite-vashata-rutina-vo-ritual--02.jpg

И да, важно е да ја најдеме таа доза на оптимизам во сè што правиме. Веќе ја спомнавме Цедевита, а познато е дека најмалите го обожаваат начинот на кој се подготвува и звукот на шушкање во чашата. Кај нив буди чувство на возбуда, кое го препознале уште кај нивните родителите, па го присвоиле. За љубителите на овој пијалок, неговото подготвување одамна стана ритуал - го подготвуваат кога сосетката ќе дојде на гости, мајките ги радуваат своите студенти додека учат, омилен меѓу луѓето на работа за време на пауза и уште во многу други ситуации кога ги прават овие рутини посебни.

Сите овие ситуации доаѓаат планирано или непланирано, но на секоја од нив им е потребно мало освежување за да бидат уште позабавни. Сега е тоа уште полесно со новата амбалажа на Цедевита, каде што најголемото пакување има и затворач, па покрај тоа што го чува производот, можете дури и слободно да им го дадете на децата сами да ја подготват својата Цедевита, директно без да се истури од страна подготвувајќи ја. Средното пакување го претворивме во тврдо пакување, по моделот на добро познатото пакување од 200гр, и затоа е можно да се користи истото пакување повеќе пати со едноставно полнење од големото пакување.

Ние, во нашите рутини веќе додадовме Цедевита и без разлика дали ја сакаме појака или послаба, веќе и не е важно дали чашата е празна или полна, туку дека можеме повторно да ја наполниме. Сега сте вие на ред добро да размислите, која ваша рутина можете да ја претворите во ритуал во кој ќе уживате секој ден.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg