Национално финале - Одбрани се македонските претставници на Red Bull Paper Wings 2022
- Детали
- вторник, 05 април 2022
На 1 април 2022 година, на пистата во East Gate Mall, Скопје во совршени климатски услови беа полетани и слетани повеќе од 100 хартиени авиончиња на Националното финале на Red Bull Paper Wings 2022… и притоа двајца пилоти беа прогласени за најдобри помеѓу најдобрите.
Најдобрите 24 пилоти на хартиени авиончиња ги измерија своите сили на Националното финале кое се одржа во петокот.
Пистата во East Gate Mall беше најверојатно најфрекфентниот и најдинамичниот простор во целиот трговски центар, што поради присуството на солидна бројка на квалитетни пилоти на хартиени авиончиња кои во многу сериозна конкуренција се бореа за лет накај Австрија и учество на Светското финале на 13 и 14 мај во Хангар 7, Салцбург, а што поради екстремно разиграната атмосфера, соодветно загреана со звуците на DJ Double G и изненадувањето на настанот, експлозивниот настап на младиот артист Young Dadi. Ваква атмосфера не била забележена на ниту еден аеродром во светот!
Пилотите Никола и Моника, после неколку тешки, исцрпувачки и напнати летови, со персонални резултати од 25.95 метри поминат лет и 6.19 секунди во "облаците" беа прогласени за најдобрите пилоти во категориите "Дистанца" и "Времетраење на лет" и со тоа си го резервираа своето место на Светското финале.
Честитки до најдобрите пилоти кои ќе бидат соодветно наградени од страна на екипата на KFC Македонија со aкробатскиот лет со едрилица + ваучер од 30 евра за секој од тројцата победници на Националното Финале, кои можат да ги искористат во рестораните на KFC.
Но, тоа не е сè! Тука не завршува приказната. Следно на агендата е пронаоѓање на третиот патник кој ќе се качи на летот накај Салцбург, а тоа е најдобриот аеробатски пилот/кореограф кој треба да сними креативно видео (не подолго од 30 секунди) и да се пријави во категоријата "Аеробатика". Не грижи се, пријавувањето трае до 21.04, така што имаш време да смислиш некоја бесна кореографија која ќе те однесе на Светското финале во Австрија.