До нови медали - Mozzart ја продолжува поддршката за бодибилдерите

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа беше спонзор на 35-тиот Куп на Македонија

do-novi-medali-mozzart-ja-prodolzhuva-poddrshkata-za-bodibilderite-01.jpg

Македонските бодибилдери имаа можност да ги одмерат силите на државниот куп пред меѓународните натпреварувања, а компанијата Mozzart ги поддржа и ќе биде нивна поддршка на патот до медалите.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа ја започна соработката со бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија пред светското првенство кон крајот на минатата година, каде нашите спортисти постигнаа неверојатни успеси. Компанијата Mozzart и Федерацијата се надеваат дека оваа успешна серија ќе продолжи и на наредните меѓународни натпревари кои следат по државниот Куп.

do-novi-medali-mozzart-ja-prodolzhuva-poddrshkata-za-bodibilderite-02.jpg

„Голема благодарност до компанијата Mozzart за соработката и помошта што ја имавме во организацијата на Купот. Соработката ќе ја продолжиме и во иднина, на идните натпревари и активности на федерацијата. Следува Балканското првенство во Србија, каде се надеваме дека Mozzart и овој пат ќе ни донесе среќа“, заклучи претседателот на федерацијата за бодибилдинг и фитнес на Македонија, Бобан Ѓороски.

do-novi-medali-mozzart-ja-prodolzhuva-poddrshkata-za-bodibilderite-03.jpg

Најголем дел од победниците беа од клубот Магнус од Скопје, а меѓу нив беше и Мери Акиевска, која претходната година од светското првенство се врати со дури четири медали.

„Мило ни е што ја продолжуваме соработката со Бодибилдинг и фитнес федерацијата, веруваме дека заедно ќе продолжиме да постигнуваме успеси. Се надеваме дека ова спонзорство дополнително ќе ги мотивира нашите асови и ќе им помогне да го достигнат својот целосен потенцијал. Им посакуваме многу успех во борбата за нови медали“, изјави Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата MOZZART.

do-novi-medali-mozzart-ja-prodolzhuva-poddrshkata-za-bodibilderite-04.jpg

Победници

Во исклучително јака конуренција на 35-тото издание на квалификацискиот натпревар „Куп на Македонија“ победници се:

Бодибилдинг Јуниори, Петар Богдановски- клуб Магнус Скопје, Физик Тинс, Арнис Спахаиу - клуб Атлета 2003 Скопје, Ева Илиевска од Атлета 2003 Скопје доминираше во категоријата Бикини -Фитнес кај Тинс, Јуниори и Сениори. Мери Акиевска од клубот Магнус од Скопје победи во категоријата Велнес кај Јуниорите и Сениорите. Боди-Фитнес, Катерина Попева - Тринити Скопје. Кај Ветераните победници беа, категорија Бодибилдинг Јован Јовановски од клубот Фид Скопје, категорија Физик, Драган Стојчевски од Магнус од Скопје и Бикини-Фитнес, Катерина Николова исто од клубот Магнус од Скопје.

do-novi-medali-mozzart-ja-prodolzhuva-poddrshkata-za-bodibilderite-05.jpg

Кај категориите Физик победници беа, Александар Минив кај Јуниорите од Проект Фит од Скопје, Ајремин Јусуфи кај сениорите ниска од Стар Џим од Скопје и Стефан Цветковски, физик висока од Атлета 2003 од Скопје кој истотака беше и апсолутен победник во оваа категорија.

Во категоријата Класик Физик победник беше Филип Митковски од клубот Атлета 2003 од Скопје, а во категоријата Бодибилдинг Класик победник беше Томче Николовски од клубот Магнус од Скопје.

do-novi-medali-mozzart-ja-prodolzhuva-poddrshkata-za-bodibilderite-06.jpg

Кај Бодибилдинг категориите победници беа, Филип Митковски од Атлета 2003 од Скопје во лесна, Томче Николовски од клубот Магнус од Скопје во средна категорија и Божидар Пецаковски од клубот Паљо од Битола во тешка и апсолутна.

do-novi-medali-mozzart-ja-prodolzhuva-poddrshkata-za-bodibilderite-07.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg