Сопствен извештај на Македонско кредитно биро
- Детали
- вторник, 05 април 2022
Современото живеење е полно со секојдневни предизвици на кои понекогаш е тешко да им се одговори навремено и квалитетно. Честопати се случува некои обврски да не се подмират навремено, што подоцна доведува до несакани случувања. Меѓутоа, Македонското кредитно биро нуди одлична можност да се дојде до увид на сопствената задолженост, преку Сопствениот извештај за физички лица.
Со Сопствениот извештај може да се провери дали и каде едно физичко лице има обврски по основ на кредити, жирантства, дозволено пречекорување на трансакциски сметки, платежни картички, даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, обврски по основ на користење на други услуги, како и да се провери историјата на доцнења на секоја обврска поединечно во период од последни 24 месеци.
Сопствениот извештај содржи податоци и за блокада на трансакциска сметка во реално време.
Ова е документ кој се добива во писмена или електронска форма и е изготвен врз основа на податоци за обврските на физичките или правните лица, доставени од Давателите на податоци ( банки, финансиски друштва, штедилници, осигурителни друштва, друштва за финансиски лизинг, телекомуникациски, комунални претпријатија, претпријатија од енергетика, УЈП, Град Скопје и единици на локална самоуправа и други) .
До Сопствен извештај може да дојде секое физичко лице со едноставна постапка онлајн преку портаболот МОЈ.МКБ на кој се отвора личен кориснички профил (ТУКА), или лично во било која експозитура на Централна Кооперативна банка АД Скопје и Силк Роуд банка АД Скопје ширум земјата.
Проверете ја својата задолженост, брзо, точно и едноставно.