Нова приватна градинка во срцето на Скопје - „Miles of smiles“, место каде детските насмевки се приоритет
- Детали
- вторник, 05 април 2022
Во населбата Карпош 1 се отвори новата приватна детска градинка „Miles of smiles“... Обоена во топлите и светли бои на виножитото, градинката е интимно катче каде вашето дете ќе има незаборавни мигови и ќе учи низ игра во мали групи на дечиња.
Кога ќе се сетите на детството сигурно и вам ви е топло на душата... На ум ви паѓаат безгрижни денови полни насмевки, искрени пријателства, забавни игри - едноставно среќното детство е бесценето.
Токму такви мигови за вашето детенце нуди новата новата детска градинка во срцето на Скопје.
Во населбата Карпош 1, на улицата Гиго Михајловски, неодамна е отворена приватната детска градинка „Miles of smiles“ или „Милји од насмевки“.
Обоена во топлите и светли бои на виножитото, градинката зрачи со топлина и разиграност. Истата претставува совршено интимно катче за секое дете.
Градинката згрижува деца од 2 до 6 годишна возраст во две воспитни групи, една за дечиња на возраст од 2-4 години (10 деца во група) и друга за дечиња од 4-6 години (исто така 10 деца во група).
Тимот составен од млади ентузијасти, но и искусен и посветен кадар, ќе направи секојдневието на вашето дете да му биде вистинско уживање, а паралелно низ игра да учи и да се стекнува со нови вештини.
Одговорните од градинката велат дека има многу причини зошто Вашето дете ќе ја сака оваа градинка, но како најважни, издвојуваат неколку.
По што се истакнуваме како градинка:
1. Нашите програми за учење - му помагаме на Вашето дете да учи и расте преку урамнотежена едукативна програма и спонтана забава
2. Грижлив персонал - за Вашето дете ќе се грижат стручни и искусни воспитувачи/негуватели
3. Стимулирачко опкружување - нашата градинка располага со светли и пространи области за играње на отворено и затворено со голем број на опрема за играње
4. Посветеност на родителите - на родителите им нудиме целосно транспарентна услуга, отворена комуникација и целосна доверливост
А потоа и креативни работилници, моторички активности, танцување, настава на англиски јазик, факултативни прошетки во природа се само дел од активностите кои ги спроведува градинката...
Работното време на градинката „Miles of smiles“ е од 07:30 - 17:30.
Покрај целодневниот, оваа градинка нуди и полудневен престој, сè со цел да се задоволат потребите на сите родители, а воедно дечињата да се весели и згрижени.
Активностите можете да ги следите на Инстаграм профилот „Детска градинка Miles of Smiles“.
Информации за контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или 077/998810 – 077/812034
Повеќе фотографии од градинката „Miles of smiles“: