Дали никотинот може да биде стимуланс?
- Детали
- среда, 30 март 2022
Ако прашате пушач што добива од цигарите, веројатно ќе ви посочи задоволство, исполнетост и општо добро чувство. Никотинот, кој претставува активна состојка на цигарите, е стимуланс и претставува една од причините зошто луѓето пушат, заедно со вкусот и ритуалот. Тој е и причината поради која пушачите имаат потешкотии со откажувањето.
Користени во мали дози како оние што се испорачуваат во цигарите, стимулансите го активираат нервниот систем, што доведува до засилена возбуда и будност. Врзувањето на никотинот во лимбичкиот систем – дел од мозокот во кој се наоѓа центарот за задоволство и награда – ослободува допамин, што доведува до чувство на еуфорија. Овие ефекти се комбинираат за да им дадат на пушачите поттик во нивното расположение.
Иако никотинот предизвикува зависност и влијае на психоактивната состојба, тој не е примарна причина за болестите поврзани со пушењето. Всушност, другите соединенија во чадот, како што се бензо[а]пирен, нитрозамин, јаглерод моноксид, катранот и бензенот, специфични за процесот на согорување на тутунoт се примарните причини за болестите поврзани со пушењето. Никотинот е многу токсичен кога ќе се проголта или се апсорбира во високи дози (далеку над оние кои се испуштаат при пушењето или користењето уреди кои не согоруваат) и може да го зголеми бројот на отчукувања на срцето и крвниот притисок на едно лице.
Никотинот е природна состојка, додека катранот е производ кој се создава при согорувањето на тутунот. Никотинот е алкалоид пронајден во растението тутун и претставува 0.6–3.0 проценти од сувата маса на тутунот, а катранот е рецидив (остаток) од процесот на согорување, што заедно со јаглерод моноксид се докажано штетни за здравјето. Главен причинител за болестите поврзани со пушењето всушност е чадот од цигарите и оние материи кои се создаваат при согорувањето и тоа е научно потврдено, додека никотинот е тој што ја создава зависноста. Никотинот е природната состојка која се наоѓа во тутунот, а научно е докажано и дека пушачите пушат поради никотинот, но се разболуваат од катранот.
Токму поради овие разлики, иновациите во тутунската индустрија и водечкиот производ во оваа категорија, IQOS кој е достапен на нашиот пазар, се фокусирани на тоа како да се ослободи никотинот од тутунот без притоа да се создаде катран, односно како да се избегне процесот на согорување и со тоа не доаѓа до создавање чад и високи нивоа на штетни состојки кои се присутни во истиот.
За да можат пушачите да преминат од цигари на тутунски алтернативи без чад, овие производи треба да содржат никотин, со цел да ја задоволат потребата за истиот и да бидат прифатливи во поглед на сензорното искуство. Токму затоа, компанијата „Филип Морис интернешнал“ е фокусирана на развој на електронски производи кои при употребата создаваат аеросол, што содржи никотин, но со многу пониски нивоа на штетни материи што се наоѓаат во чадот од цигарите.
Новите тутунски производи и тутунските производи во развој кои се различни од цигарите, се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни и потенцијално штетни хемикалии, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите. Токму, користењето на новите тутунски производи со намалена штетност за пушачите, најверојатно ќе резултира со намален вкупен ризик по здравјето на населението во целина, вклучително и за оралното здравје.