Успешната професионална кариера започнува со вистинскиот избор на универзитетот

Универзитетското образование го дава знаењето и нè обучува во одредена научна дисциплина да бидеме професионалци. Но, исто така, универзитетското образование треба да ги отвори вратите од успешна професионална кариера а тоа најчесто зависи од изборот на универзитетот.

uspeshnata-profesionalna-kariera-zapochnuva-so-vistinskiot-izbor-na-univerzitetot-01.jpg

Во зависност од тоа како се конципирани едукативните програми на универзитетите, каков е образовниот пристап, какви методи се користат зависи подготвеноста на штотуку дипломираниот професионалец да влезе во корпоративниот свет и да започне да ја гради професионалната кариера.

Не секој универзитет овозможува студентите уште во текот на студиите да се оспособат за работните предизвици и да можат веднаш да одговорат на барањата на пазарот на трудот. Таквите квалификации ја надградува конкурентноста посебно во меѓународните компании.

Еден од универзитетите којшто применува посебен акцент на едукацијата и оспособеност на студентите за вклучување во деловниот свет е СИТИ колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк. Овој кампус лоциран во Солун, претставува образовна институција која нуди навистина големи можности за студентите.

Кампусот, пред сè поседува богата студентска програма, којашто ги проширува можностите за студентска мобилност и за интернационализација и обезбедува можности за применето учење. На академските оддели на СИТИ Колеџ е достапен широк спектар додипломски и постдипломски студии и тоа по Бизнис администрација и економија, Компјутерски науки, Психологија и Англиски студии. Нуди и дополнителни содржини кои го збогатуваат секој аспект од академскиот живот, како што се силната поддршка за истражувањето како основен принцип во образовниот процес и примената на граѓанскиот ангажман во образовните и студентските активности. Ова се едни од главните придобивки што Европскиот кампус им ги нуди на студентите, покрај квалитетот на универзитетското образование.

Дополнително, СИТИ Колеџ, заедно со Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур, ја нуди Паневропска извршна МБА програма, со двојна диплома за регионот на Југоисточна и Источна Европа, како и во регионот на Кавказ.

Знаењата и експертските вештини на СИТИ колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк се пренесени од врвни академици и предавачи со меѓународни квалификации во корпоративниот свет. А богатото академско портфолио на оваа универзитетска единица произлегува и од Универзитетот Јорк, којшто е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група и светски признат универзитет по својата истражувачка работа. На овој начин, Европскиот кампус претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративните мрежи низ целиот регион.

СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк започна со апликации за своите додипломски и постдипломски програми, а студиите започнуваат во октомври 2022 година. Повеќе информации се достапни на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg