OMEGA часовниците на 94-тото доделување на Оскарите

Прославувајќи ја ноќта на Оскарите во Холивуд, некои од најдобрите и најголемите ѕвезди се појавија во гламурозни изданија за 94-тите Оскари во театарот Долби.

omega-na-94-toto-dodeluvanje-na-oskarite-01.jpg

Ова се познатите лица кои ги одбраа OMEGA часовниците како моден додаток на нивните раце:

Никол Кидман

Номинирана во категоријата „најдобра главна женска улога“ за Being the Ricardos, Никол носеше OMEGA Mini Trésor.

omega-na-94-toto-dodeluvanje-na-oskarite-05.jpg

Аријана Дебос

Актерката која се закити со Оскар за „најдобра споредна женска улога“ за West Side Story, Аријана носеше OMEGA Constellation со нерѓосувачки челик.

Часовникот од 25 милиметри е украсен со дијаманти и има син бројчаник направен од авентурин, како и стрелки и направени од 18-каратно бело злато.

omega-chasovnicite-na-94-toto-dodeluvanje-na-oskarite-003.jpg

Ендру Гарфилд

Номиниран во категоријата „најдобра машка главна улога“ за tick, tick… BOOM!, Ендру носеше Speedmaster ’57 од нерѓосувачки челик со црно кожено ремче.

Како еден од најновите модели на OMEGA, часовникот е инспириран од оригиналниот OMEGA Speedmaster модел од 1957 година и има бројчаник со бордо боја.

omega-chasovnicite-na-94-toto-dodeluvanje-na-oskarite-004.jpg

Трој Костур

Актерот кој освои Оскар за „најдобра машка споредна улога, Трој носеше De Ville Prestige од нерѓосувачки челик со темнозелено кожено ремче.

omega-chasovnicite-na-94-toto-dodeluvanje-na-oskarite-006.jpg

Шон Вајт

Еден од презентерите на ноќта на Оскарите, легендарниот олимписки сноубордер носеше Speedmaster Moonwatch од 18-каратно Moonshine™ злато. 

omega-chasovnicite-na-94-toto-dodeluvanje-na-oskarite-005.jpg

Џејми Дорнан

Актерот се качи на сцената на Оскарите како презентер и носеше Speedmaster ’57 од нерѓосувачки челик. Часовникот е инспириран од првиот Speedmaster кој беше лансиран во 1957 година.

omega-chasovnicite-na-94-toto-dodeluvanje-na-oskarite-007.jpg

Тати Габриел

Американската актерка позната по телевизиските улоги во The 100 и Chilling Adventures of Sabrina носеше De Ville Prestige часовник со беж OMEGA веганско ремче.

omega-chasovnicite-na-94-toto-dodeluvanje-na-oskarite-008.jpg

Симу Лиу

Канадскиот актер и каскадер, познат по улогата на Shang-Chi во Marvel Cinematic Universe, носеше Seamaster Aqua Terra кој е направен од 18-каратно злато.

omega-chasovnicite-na-94-toto-dodeluvanje-na-oskarite-009.jpg

Вилмер Валдерама

Американскиот актер најпознат по улогата во That 70’s Show носеше OMEGA Constellation часовник направен од 18-каратно злато.

omega-chasovnicite-na-94-toto-dodeluvanje-na-oskarite-010.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg