Телото јавува кога има недостаток на витамин Д - внимавајте што ви кажува

Неопходен за телото и здравјето, витаминот Д се вбројува во редот на најзначајните витамини.

teloto-javuva-koga-ima-nedostatok-na-vitamin-d-vnimavajte-shto-vi-kazhuva-01.jpg

Но, и покрај сите факти за неговото значење, многу луѓе и понатаму ја потценуваат улогата на витаминот Д, и несвесно страдаат од неговиот недостаток.

Иако човечкото тело само го произведува витаминот Д, потребна му е силна поддршка од сонцето. Без влијанието на сончевите зраци тешко е да се произведе доволна количина на овој витамин. Затоа од големо значење е секоја прошетка во тек на сончевите денови.

Мал дел од доволната количина на витаминот Д може да се внесе и преку здрава исхрана - со јадење масна риба, печурки или млечни производи.

Но што ако сето ова не е доволно?  Може ли да се појават сериозни проблеми и болести?

Недостатокот на витамин Д може да предизвика сериозни проблеми и да поттикне појава на разни заболувања. Секогаш будно треба да го следиме нашето тело, кое ни испраќа сигнали кога нешто не е во ред.

Доколку се чувствувате заморени, сонливи, малаксани, имате слабост во мускулите, чувствувате намален праг на болка, депресивни сте или пак често се потите во пределот на главата, сува ви е кожата, косата кршлива, раните бавно ви заздравуваат, може да значи дека на вашето тело му недостасува витамин Д.

teloto-javuva-koga-ima-nedostatok-na-vitamin-d-vnimavajte-shto-vi-kazhuva-02.jpg

Недостатокот на витамин Д е глобален проблем. Во Европа проценуваат дека тој е присутен кај дури 60 до 80% од населението. За недостаток на витамин Д станува збор кога концентрацијата на серумскиот витамин Д е помала од 75 nmol/l (30 µg/l).

Потврдено е дека недостатокот на овој витамин не влијае само врз коските (намалување на густината на коските, поголем ризик од скршеници), туку индиректно предизвикува и развој на многу болести, вклучувајќи ги болестите на срцето и крвните садови, шеќерната болест тип 2, автоимуните заболувања (астма, ревматоиден артритис, шеќерна болест тип 1, мултиплекс склероза и карцином). Може да ја влоши анксиозноста и депресијата и неповолно влијае врз развојот на различни невролошки состојби (аутизам, мозочен удар, шизофренија, Алцхајмерова и Паркинсонова болест).

Недостатокот на витамин Д значајно го ослабнува имунолошкиот систем со што ја зголемува подложноста на организамот кон инфекции.

Како да бидеме сигурни дека нашето тело ќе ја добие соодветната количина на витамин Д?

Најдобар и секогаш сигурен начин е преку суплементација, со што ќе ја внесеме потребната дневна количина на сончевиот витамин.

ВИТАМИН Д3 Крка е индициран за третман и спречување на недостаток на витамин Д. Препорачана дневна доза на ВИТАМИН Д3 Крка за возрасни, адолесценти и деца над 6 годишна возраст е 1 таблета (1.000 IU или 25 µg).

За повеќе информации за лекот Витамин Д3 Крка прочитајте на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg