Ексклузивна посета на Хуберт Фрајдл (основач на myWorld)
- Детали
- четврток, 24 март 2022
Основачот на myWorld групацијата, Хуберт Фрајдл минатата недела ги посети Скопје, Белград и Љубљана (потрошувачите и партнерите од ЈИЕ) со нови информации за компанијата.
На овие настани присуствуваа 2.000 корисници на myWorld предностите, заинтересирани да добијат нови информации за иновациите на компанијата.
Во Скопје, настанот се одржа на 16-ти март во евент центарот Рагуза 360, кој го посетија 700 корисници и партнери на myWorld од Македонија и регионот.
Настанот го отвори регионалниот директор за Југоисточна Европа, Радован Витошевиќ, а меѓу другите гости и говорници беа и членови на управниот одбор на групацијата - Питер Грубер и Херберт Тајсел.
Дискутирани беа можностите на пазарот и новитетите, како и за проширувањата на регионот и новите предизвици во тековната година. Преку оваа неколку часовна формална и неформална дружба, многумина добија шанса да слушнат за можностите и поволностите кои ги нуди најголемата меѓународна програма за лојалност, myWorld, која со повеќе од 17 години постоење во светот и 11 години на пазарот во Македонија континуирано се грижи членовите да имаат едно поинакво шопинг искуство.
„Нашиот корпоративен лидер и филантроп г-динот Хуберт Фрајдл им се обрати на нашите клиенти и партнери со одличен мотивациски говор. Нѐ очекува доста предизвикувачки период, и иновации од екосистемот на групацијата како и инспирација од основачот беше токму она кое ни требаше“ – изјави Региналниот Директор на мајВорлд за Југоисточна Европа, Радован Витошевиќ.
Присутните имаа можност да бидат дел од еден ваков спектакуларен настан од светски рамки, да слушнат и да се едуцираат за можностите кои ги нуди myWorld од светски успешни претприемачи. Говорниците несебично го споделија своето знаење и можностите кои ги нуди најголемата заедница за лојалност.