Зошто е важно пролетното чистење на телото и неговата детоксикација?
- Детали
- среда, 23 март 2022
Вишокот килограми, но и хроничниот умор, мрзоволност, подуеност, отоци дури и когнитивно затајување се јавува како последица на акумулацијата на токсини во телото во текот на есента и зимата. Тоа е почеток и на многу здравствени проблеми, како зголемување на нивото на холестерол и шеќер во крвта. Главна причина за тоа е конзумирањето на покалорична, потешка и помасна храна но и недоволната физичка активност.
Токму затоа на почетокот на пролетта е важен постот. Се пости од памтивек, и тоа не е поврзано само со религијата, туку воопшто со општото здравје на луѓето. Дури и самиот Хипократ верувал во потребата од здрава исхрана, како начин за детоксикација на организмот, за подобрување на расположението кај луѓето и чувство на смиреност. И дека до нас е дали ќе се определиме за постење, исхрана во помала количина, за почести а помали оброци.
Со пролетта се буди природата, но и нашиот организам. Ова е период кога посакуваме промена, чувствуваме позитивна енергија, и имаме нови очекувања. А тие најчесто се поврзани со самите нас, со нашето здравје, изглед, бидејќи од тоа се почнува. За разлика од порано, денес е барем полесно да се изведе здрава детоксикација имајќи го в предвид фактот дека постојат додатоци во исхраната со неопходните нутритивни состојки кои ни помагаат во процесот на чистење на организмот. Треба само малку добра воља и дисциплина!
За почеток треба помалку да се внесува храна од животинско потекло, да се зголеми внесот на овошје и зеленчук, но доколку сакаме ефикасно и целосно да го исчистиме телото е важно да обрнеме внимание на некои растителни екстракти, чаеви или додатоци во исхраната кои ќе ги помогнат самите детоксификациски процеси во телото, конкретно работењето и чистењето на црниот дроб, но и на цревата. Најважна е поддршката за црниот дроб, за што од особено значење се 4-те активни компоненти кои ги содржи додатокот во исхраната Хепатол Форте, посебно глукоронската кислеина, но и останатите екстракт од млечен трн (со Силимарин), екстракт од листови од артичока и лецитин (кој се добива од соја).
Се препорачува и спирулината за стимулација на работата на црниот дроб, но и за да ги врзе токсините во цревата, да се спречи нивно реапсорбирање и да помогне тие да се исфрлат. Помага и хлорофилот за кој се вели дека е крв на растенијата, има нутритивни вредности и е силен антиоксиданс, ефикасен за разградување на токсини во организмот, посебно оние кои создаваат непријатни миризби во телото, а кои се ослободуваат преку потта.
Придобивките од постот се неверојатни и воздржувањето од храната може да биде позитивно за нашата благосостојба и здравје, па организирајте го соодветното мени, набавете ги неопходните додатоци во исхраната, исчистете го организмот и подгответе го за потоплите денови.