Пролетна еко-акција

Скопје, 21 март: По повод Денот на екологијата и првиот ден на пролетта, љубопитното слонче Халки и неговиот тим го посетија ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје. Заедно со учениците и наставниците засадија садници во училишниот двор. Децата ветија дека ќе се грижат за дрвцата, а Халки дека повремено ќе ги посетува за да види како растат заедно.

proletna-eko-akcija-01.jpg

Средбата беше повод дружељубивиот Халки да ги потсети учениците и на вредностите за кои постојано пишува, зборува и презема многу активности: екологија и борба за здрава животна средина, другарство, важноста на читањето книги. Денеска е и Светски ден на лицата со Даунов синдром, па дружината зборуваше и за прифаќањето на различностите и за еднаквите образовни можности за сите деца.

Почетокот на пролетта е повод и за распишување на наградниот ликовен конкурс „Пролетните авантури на Халки“, на кој право на учество имаат деца до 12 годишна возраст.

proletna-eko-akcija-02.jpg

Сите дела пристигнати на конкурсот, ќе бидат изложени на голема пролетна изложба под отворено небо. Тричлена комисија ќе ја разгледува и оценува креативноста, а авторите на најдобрите три цртежа добијат депозит за детско штедење од Халкбанк.

Ја продолжуваме својата мисија за поддршка на најмладите преку нивно креативно изразување. Пролетта е инспиративна за сите, па и овој пат сакавме да ги повикаме децата да размислуваат за пролетните авантури, за екологијата, здравите навики, чистата средина, другарството и прифаќањето. Поддршката на најмладите е најсигурен влог за иднината – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк Ад Скопје.

proletna-eko-akcija-03.jpg

Ликовните творби треба да се испраќаат до Центар за визуелна комуникација – Ефектива, на ул: 29 Ноември 4Д, 1000 Скопје со назнака „Ликовен конкурс” најдоцна до 28.03.2022 година.

Прогласувањето на победниците ќе биде на 31 март на веб страницата на организаторот и на социјалните мрежи.

proletna-eko-akcija-04.jpg

proletna-eko-akcija-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg