Пакомак ги прогласи победниците на конкурсот „Trash for Art“ за оваа година

Пакомак го затвори овогодинешното издание на конкурсот „Trash for Art“ со прогласување на победниците во секоја од четиритите компетитивни категории. Оваа година, Пакомак заедно со партнерите Пивара Скопје и БиМилк, обезбедија вредни парични награди за трите најдобропласирани дела во секоја од категориите.

pakomak-gi-proglasi-pobednicite-na-konkursot-trash-for-art-za-ovaa-godina-01 (2).jpg

Како и секоја година, конкурсот „Trash for Art“ беше отворен за сите – возрасни и деца, кои сакаат да ја покажат својата креативност преку изработка на уметничко дело направено од амбалажен отпад. Со пораката „Истражи ја креативноста“, Пакомак се обиде да ги мотивира сите заинтересирани да пријават свое дело и да докажат дека отпадот не е само „ѓубре“.

Во продолжение, прочитајте ги добитниците на награди од конкурсот „Trash for Art“ 2022:

Категорија градинки:

1 место – награда 30.000 денари

„Крава“

Градинка “Борис Трајковски” од Демир Капија

2 место – награда 20.000 денари

„Дрво со овошје“

Градинка “Детска Радост” од Скопје

3 место – награда 10.000 денари

„Мајка и дете“

Градинка “Светот на Колорес” од Скопје

Категорија основни училишта:

1 место – награда 30.000 денари

„Паун“

О.У. Димитар Миладинов од Скопје

2 место – награда 20.000 денари

„Пирана“

О.У. Димо Хаџи Димов од Скопје

3 место – награда 10.000 денари

„Кола“

О.У. Димче А. Габерот од Демир Капија

pakomak-gi-proglasi-pobednicite-na-konkursot-trash-for-art-za-ovaa-godina-02.jpg

Категорија Поединци и други институции

1 место – награда 30.000 денари

„Був“

Автор: Александар Момчилов

2 место – награда 20.000 денари

„Полжав“ Автор: Огнен Илоски

3 место – награда 10.000 денари

„Кит“

Автор: Михаела Стојменовиќ

Специјална награда од Пивара – 30.000 денари

„Петел“

Автор: Еми Смиљковска

Специјална награда од БиМилк – 30.000 денари

„Фламинго“

Автор: Јасмина Арсовска

pakomak-gi-proglasi-pobednicite-na-konkursot-trash-for-art-za-ovaa-godina-03.jpg

Во официјалната селекција учествуваа само доставени дела кои се изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или од различен тип амбалажа), високи до 150 см. Под амбалажен отпад се подразбираат: лименки, шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажа од козметика и од средства за чистење и сл.

Конкурсот „Trash for Art“ беше отворен пријавување дела од 15 до 17 март, а неговата цел е да ги потсети граѓаните на нашата земја дека отпадот може да заземе различна форма и да добие нов живот, благодарение на умствената креативност и вештиот допир.  Оваа година беа поднесени вкупно 185 дела, а најдобрите од нив, кои беа наградени, ќе останат во трајна сопственост на Пакомак.

Повеќе информации за конкурсот и наградените дела можете да најдете на www.pakomak.com.mk.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg