Црвен Крст со благодарност до Жито Лукс за донацијата за социјално ранливите семејства
- Детали
- петок, 18 март 2022
(Скопје, 18.03.2022) – Црвениот Крст на Македонија доби вредна донација леб од Жито Лукс, којашто е наменета за семејствата во социјален ризик. Жито Лукс достави околу 2000 пакувања леб кои ќе бидат распределени до семејствата што имаат најголема потреба од помош.
Според Црвениот Крст, оваа донација доаѓа во момент кога многу семејства се соочуваат со егзистенцијални проблеми и зборува токму за свесноста и грижата на компанијата за потребите на сите граѓани.
„Голема благодарност до Жито Лукс за оваа вредна донација и тоа во најпотребниот момент за многу семејства. Реалноста што ја живееме сите, многу повеќе и посилно ја чувствуваат семејствата во економска незавидна состојба и нивните потреби во овој период се сведуваат на најнеопходни животни намирници како лебот“, велат од Црвениот Крст.