Maistra Hospitality Group: идеално место за нови професионални можности во текот на целата година
- Детали
- вторник, 15 март 2022
Покрај платата, Maistra Hospitality Group организира и плаќа сместување за сите вработени на кои им е потребно. Исто така, вработените имаат обезбедени два топли оброци и надоместок за превоз до работа.
Се исплаќаат додатоци на плата, односно регрес за годишен одмор, божиќен бонус и јубилејна награда, заедно со многу други поволности. Компанијата нуди одлични услови на пазарот на трудот, а доказ за тоа е и фактот што наскоро ќе започне со месечна исплата на парични награди во нето износ од 1.000 куни.
Скопје, 10 март 2022 година - Корпоративната култура и грижата за сегашните и потенцијалните вработени се столбот на секој квалитетен бизнис, а за тоа е свесна и една од водечките хрватски компании за хотелиерство, угостителство и туризам. Maistra Hospitality Group континуирано покажува зошто е меѓу најпосакуваните работодавачи, особено кога станува збор за млада работна сила и таленти желни за нови знаења и развој на своите компетенции.
Со своите деловни напори и стремежот за извонредност, Maistra Hospitality Group успешно ја менува перспективата на хрватскиот туризам, кој благодарение на зголемената понуда на капацитети отворени во текот на целата година веќе го надминува сезонскиот модел и позитивно влијае врз отворањето нови работни места, нуди стимулирачки работни услови за своите вработени и овозможува засновање работен однос во текот на цела година. Компанијата е еден од регионалните и националните туристички лидери, пред се во луксузниот туризам. Овој туристички бисер на медитеранското гостопримство може да се пофали со дополнителен импулс во создавањето уникатни деловни можности и креирањето различни кариерни облици.
Maistra во своето портфолио има се поголем број на објекти од највисока категорија, пред се во Ровињ и Загреб, кои работат во текот на целата година, што отвора нови можности за вработените. Благодарение на ваквата понуда се отвораат нови работни места, па така Maistra веќе бара 120 вработени на следните позиции: готвач, специјалист готвач, готвач во fine dining ресторан, келнер, специјалист келнер, шанкер, сомелиер и келнер во fine dining ресторан, почетокот на работа е веднаш. Една од главните предности на Maistra како работодавач е можноста за избалансиран работен распоред и организирање на фиксно работно време, што придонесува за ублажување на нивото на стрес на кој често се изложени младите вработени на почетокот на својата кариера.
Да потсетиме, Maistra Hospitality Group моментално вработува две илјади вработени. Се нудат најдобри услови за работа на пазарот, а унапредувањето на материјалните права на вработените е континуиран процес. Покрај платата согласно колективниот договор, Maistra Hospitality Group организира и плаќа сместување за сите вработени на кои им е потребно. Подеднакво, вработените имаат право на два топли оброци и надоместок за превоз до работа. Се исплаќаат додатоци на плата, односно регрес за годишен одмор, божиќни бонуси и јубилејни награди, заедно со многу други поволности. Дополнително, наскоро ќе започне и месечната исплата на паричните награди во нето износ од 1.000 куни. Сите заинтересирани за вработување во Maistra Hospitality Group можат да ги испратат своите апликации на Maistra Jobs - Конкурси и отворени апликации - Аплицирај!
Maistra постојано инвестира во дизајнирање и имплементирање на сопствен образовен систем за сите вработени, од сезонски работници до менаџмент, целосно прилагоден на нивните потреби. Новата програма Maistra F&B Bootcamp е можност за надградба на професионалното F&B знаење преку учество на едукативни работилници потпишани од врвниот готвач Џефри Вела и неговиот тим од внимателно избрани познавачи на вкусот и аромата на гастрономските деликатеси. Maistra F&B Bootcamp е програма која вклучува серија на мастер-клас тренинзи кои траат една недела, а темите за едукација се тесно поврзани со готвење, сомелиерство, барменство, подготовка на коктели и исполнување на највисоките стандарди на услуга. Со апсорпција на практични кулинарски идеи и техники, рамо до рамо со гастрономските ѕвезди, нема сомнеж дека Maistra ќе го подигне квалитетот на работата веќе во претсезоната.
Maistra не ја заборави и дополнителната вредност на едукативните курсеви. Најуспешните учесници на F&B Bootcamp добиваат можност да се дружат со светски познати готвачи на претстојниот фестивал на храна за Weekend Food Festival во Ровињ, но и можност да работат во текот на целата година во елитните истарски хотели со 5 ѕвезди како Гранд Парк Хотел Ровињ. Фестивалот се одржува на почетокот на мај, а тоа е уникатен настан кој ги собира најдобрите меѓународни и домашни експерти од светот на гастрономијата, угостителството и миксологијата, како и експерти за вино, масло и кафе.
Сите заинтересирани за работа и професионален развој во Maistra Hospitality Group се поканети да не контактираат преку линкот F&B BOOTCAMP (maistra.com). Пријавувањето трае до 20 март.
- Maistra Hospitality Group Оглас за работа
- Бараме келнери a la carte: Maistra вработува!
- Бараме готвачи: Maistra вработува!