ИутеКредит Македонија создава детски насмевки заедно со СОС Детско Село
- Детали
- понеделник, 14 март 2022
На годишниот настан “Eдно Семејство” посветен на сите донатори и помагачи на СОС Детско Село, ИутеКредит Македонија доби благодарница за својот придонес кон оваа организација во текот на 2021 година.
Во текот на минатата година, ИутеКредит организираше неколку интересни активности за децата и младите од СОС Детско Село, како првоаприлскиот маскенбал во рамки на Детско Село во населба Ченто и изработката на календар со нивни цртежи инспирирани од сите желби и планови кои ги имаат за 2022 година.
Помагањето на оние на кои им е најпотребна помош е движечка сила за сите општествено одговорни активности кои ИутеКредит ги организира и во кои инвестира средства, време и многу љубов. Ваквиот тип на активности имаат за цел активно да вклучат и што е можно поголем дел вработени во компанијата бидејќи хуманоста е нешто заедничко за сите нас.
Во 2022 година ја продолжуваме убавата приказна со СОС Детско Село и продолжуваме за создаваме уште многу детски насмевки.