Шампионски дресови за нисколигашите - Mozzart награди уште два клуба

Овој пат, вредна опрема пристигна на адресата на ФК Илинден и ФК Македонија Агино село

shampionski-dresovi-za-niskoligashite-mozzart-nagradi-ushte-dva-kluba-01.jpg

Поддржка за спортот од најниските до највисоките нивоа. Mozzart продолжува да им асистира на фудбалските клубови ширум земјата, а преку акцијата „Нови дресови за нови шампиони“ досега опреми речиси стотина спортски колективи кои настапуваат во пониските рангови на натпреварувања! Овој пат, вредна опрема пристигна до Третата лига – Север и Општинската лига Куманово – четврти ранг.

Шампионските дресови ги израдуваа фудбалерите на ФК Илинден, но и на ФК Македонија од Агино село. Овие два тима се борат за пласман во повисок ранг на натпреварување, а на тој пат многу ќе им значи поддршката од Mozzart.

„Во ова време не е лесно да се дојде до спонзори и донатори, така што нам секоја помош многу ни значи. Треба да има повеќе вакви акции, бидејќи на помалите клубови им е повеќе од потребна поддршката од големите компании. Благодарни сме за донацијата на дресови и се надеваме на продолжување на успешна соработка“, велат од ФК Илинден.

shampionski-dresovi-za-niskoligashite-mozzart-nagradi-ushte-dva-kluba-02.jpg

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа преку овој проект се труди да обезбеди подобри услови за нисколигашите во повеќе спортови, а не ги заборава ниту женските тимови. Претходниот месец пристигнаа дресови за фудбалерките на ЖФК Скопје.

„Секогаш сме тука да ги поддржиме колективите кои ги зближуваат младите во нивниот крај и ги враќаат на вистинските вредности. Важно е во секое место да постои можност локалното население да се занимава со некој спорт и затоа ќе се трудиме да ги посетиме сите делови на земјата и да помогнеме преку донации на опрема и други потребни работи“, нагласи Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во Mozzart.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg