100 години неодолив вкус
- Детали
- четврток, 10 март 2022
Пред точно 100 години, најпознатата домашна фабрика за чоколади зaпочна да произведува слатки изненадувања. Од фабриката на Štark дојдоа бројни иновации, а сите гурмани со нетрпение чекаа да ги пробаат.
Откако се појавија, Najlepše želje станаа омилената чоколада на многуте генерации, кое ги разубавуваше најважните моменти и беше незаменлив дел од секој подарок.
Љубовта кон чоколадата од самиот почеток вткаена е во секое залче и детал, како би можеле љубителите на овој бренд со сите сетила да уживаат во омилените вкусови. Najlepše želje со години се синоним за љубов, страст и среќа, а со желба да понуди разновидни чоколади и чоколадни производи, брендот постојано се развиваше.
Во 2021 година чоколадата доби ново руво и влезе во славеничката година како вистинска ѕвезда. Најсовремената линија за лиење чоколади, во која минатата година компанијата Atlantic Štark инвестираше 8,6 милиони евра, овозможи создавање на иновативни производи и вкусови, но и пофино мелење на какао маса и подобра гранулација што на текстурата и дава неодоливо растопување и единствено искуство за време на конзумирањето.
Во оваа славеничка година, Najlepše želje подготвија бројни изненадувања и иновации, со кои ќе продолжиме со сето срце да уживаме и во новите 100.