Дали знаеш каде да се обратиш доколку си жртва на родово-базирано насилство?

„Не прикривај. Пред другите...И пред себе. Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина. Тука сме за тебе“

dali-znaesh-kade-da-se-obratish-dokolku-si-zhrtva-na-rodovo-bazirano-nasilstvo-01.jpg

Ова е пораката упатена до жените кои преживуваат родово-базирано насилство од страна на Организација на жените на општина Свети Николе и НВО КХАМ Делчево, со која ги повикуваат да побараат бесплатна психо-социјална и правна помош од нивните стручни тимови на tukasmezatebe.mk

Кампањата е реализирана во соработка со The Kvinna till Kvinna Foundation и Коалиција Маргини и има за цел пред сè да ја истакне важноста и потребата од психо-социјална помош кај жените кои преживуваат родово-базирано насилство.

Од организациите велат дека жените кои преживуваат родово-базирано насилство се соочуваат со големо чувство на страв и срам поради кое не можат да видат излез од ситуацијата во која се наоѓаат. Стигматизацијата и предрасудите во општеството се дополнителна причина за молк.

Преку разговор и советување со стручни лица тие може да ја добијат потребната поддршка и разбирање и заедно со организациите да дојдат до решение на проблемите со кои е тешко да се борат сами.

Покрај психо-социјалната поддршка, организациите нудат и бесплатна правна помош.

Лицата кои се соочуваат со каква било форма на родово-базирано насилство може да побараат помош на tukasmezatebe.mk  или да остварат директен контакт на:

+389 33 413 695 Невладина организација  „КХАМ“  Делчево

+389 32 444 620 „Организација на жените на општина Свети Николе“

*Оваа кампања е изготвена со помош на Европската Унија и ко-финасирана од Шведска. Содржината на кампањата е единствена одговорност на The Kvinna till Kvinna Foundation и Коалиција Маргини и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија и Шведска.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg