Спектакуларни и уникатни - OMEGA ги претстави новите модели за 2022

Иновациите во создавањето на часовници од секогаш биле дел од историјата на OMEGA. И оваа година моделите кои ќе ги пласираат на пазарот се едноставно спектакуларни.

spektakularni-i-unikatni-omega-gi-pretstavi-novite-modeli-za-2022-01 (1).jpg

За почеток, вистинска ѕвезда на презентацијата беше Omega Seamaster Planet Ocean Ultra Deep, изработен од титаниум и со можност да издржи притисок до дури 6.000 метри длабочина под вода и сертифициран со ИСО 6425 стандардот.

spektakularni-i-unikatni-omega-gi-pretstavi-novite-modeli-za-2022-01.jpgOmega Seamaster Planet Ocean Ultra Deep

Часовникот е базиран врз уникатниот примерок изработен во 2019 година за истражувачката мисија на Виктор Весково, чија сонда се симна до скоро 11.000 метри длабочина во Маријанскиот ров.

Два часовници после 12 часа нуркање излегуваат на површината комплетно „нечепнати“.

Изработен е и модел со челично куќиште.

Kолекцијата Seamaster се збогатува со нов часовник од серијата Diver 300M, со прекрасен маслинесто-зелен дисплеј.

spektakularni-i-unikatni-omega-gi-pretstavi-novite-modeli-za-2022-02.jpgSeamaster Diver 300M

Ќе бидат достапни неколку нови верзии на часовници од серијата Aqua Terra, со челично куќиште и дисплеј во различни бои.

spektakularni-i-unikatni-omega-gi-pretstavi-novite-modeli-za-2022-04.jpgSeamaster Aqua Terra

По повод 40-тиот роденден на серијата Manhattan, колекцијата Constellation годинава е збогатена со нови модели изработено со куќишта од челик и злато или комбинација од истите.

spektakularni-i-unikatni-omega-gi-pretstavi-novite-modeli-za-2022-06.jpgConstellation

Највпечатливи се новите уникатни модели од 29 mm пред се поради нивниот ексклузивен дисплеј изработен од природниот минерал авентурин – форма на кварц. Секој дисплеј е изработен од посебен камен на авентурин, што значи дека не постојат два исти часовници во оваа серија.

Во 2022 година, OMEGA најави и нов унапреден Speedmaster 57 во повеќе варијанти, како и два нови модели на Moonwatch, изработени од нова легура на злато именувана како „Месечева светлина“.

spektakularni-i-unikatni-omega-gi-pretstavi-novite-modeli-za-2022-06 (1).jpgSpeedmaster Moonwatch Moonshine

Часовниците на OMEGA во Македонија може да ги најдете во Божиновски часовници и накит.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg