„ЛУКОИЛ Македонија” непречено го продолжува своето работење во нормален режим - Има доволно резерви на нафта и нафтени деривати
- Детали
- петок, 04 март 2022
Функционирањето на процесот и стабилноста на снабдување со нафтени деривати се најважни и „ЛУКОИЛ Македонија” прави сѐ за да обезбеди стабилно и непречено работење во оваа сложена ситуација.
Дополнително, би сакале да истакнеме дека „ЈАД ЛУКОИЛ” е приватна меѓународна енергетска компанија, која пред сѐ е ориентирана на исполнување на обврските пред партнерите, акционерите, вработените во над 30 земји.
Обврската која ја имаме ние како ЛУКОИЛ Македонија кон граѓаните е исто толку важна. Затоа, би сакале да ги демантираме шпекулациите кои се шират по социјалните медиуми за затворање или продажба на „ЛУКОИЛ Македонија” и воедно информираме дека продолжуваме со ширење и развој на нашата мрежа во земјата. Го продолжуваме своето работење без застој и имаме доволно резерви на нафта и нафтени деривати.
„ЛУКОИЛ“ ги поседува сите неопходни ресурси да продолжи со работа во нормален режим, без оглед на зголемените ризици. Енергетиката за изминатите 10 години се оспособи да се адаптира кон предизвици - сложена меѓународна ситуација, нестабилност на цените, ризиците од трговските ограничувања, епидемиолошката состојба.
Советот на директори на ЈАД ЛУКОИЛ ја изразува својата загриженост по повод трагичните настани во Украина и го изразува своето најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа трагедија и се залага за што поскоро прекинување на вооружениот конфликт и целосно го поддржува неговото решавање преку преговарачкиот процес и дипломатски средства.