Почна новата наградна игра „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“ за 2022 година
- Детали
- вторник, 01 март 2022
Денеска започна 7-та по ред наградна игра на Макпетрол и Верна програмата за лојалност, „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“.
И покрај отежнатите економски и пандемиски услови, наградната игра повторно започнува како резултат на нашиот стремеж секогаш да ги ставаме потребите на нашите верни купувачи во центарот на нашата работа.
Бројот на членовите на Верна програмата за лојалност и посетеноста на нашите продажни објекти се доказ за квалитетот на нашите производи и доказ за довербата на корисниците кон нашата Компанија. Затоа Макпетрол, лидер во областа на енергетиката на македонскиот пазар, води особена грижа за своите потрошувачи. Компанијата секогаш се труди да го обезбеди најдоброто, како преку квалитетните ULTRA горива, така и преку услугата и односот кон потрошувачите.
Токму затоа, и оваа година, со почеток од 1-ви март, па се до 10 декември, ја организираме најголемата наградна игра во државата, „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“.
Како и во десегашните Верна наградни игри, условите за учество остануваат непроменети. Со најмалку 10 поени впишани на Вашата Верна картичка ќе бидете потенцијален добитник на лаптоп DELL, ваучер за гуми, ваучер за Лубекс моторни масла, ваучер за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна наградни поени. Во текот на наградна игра ќе ги доделиме следните главни награди: три награди 7 дена за двајца во хотелот на Макпетрол во Струга, 2 моторцикли Honda, гумен чамец заедно со приколка и вонбродски мотор Honda и финалната мастер награда - современата Honda CR-V Elegance.
Оние потрошувачи кои сеуште немаат Верна картичка, тоа можат да го сторат уште денес, со пополнување на пристапница кон Верна програмата за лојалност на најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција со стекнати 10 поени да станат и дел од новата наградна игра, „Со ВЕРНА купувај и награди добивај“.
Само на бензинските на Макпетрол. Kолку повеќе полниш толку повеќе добиваш!