Атлантик Група ја одбележа 30-годишнината со рекордни резултати

Атлантик Група во текот на 2021 година забележа приход од продажба во износ од 760,3 милиони евра, што претставува раст од 8,6% во однос на истиот период лани, и дури 9,3% повеќе од истиот период во предпандемската 2019 година.

atlantik-grupa-ja-odbelezha-30-godishninata-so-rekordni-rezultati-01.jpg

Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) изнесува 96,6 милиони евра, што е за 1,1% повеќе отколку во претходната 2020 година, а еднаков раст е остварен и во категоријата на нето добивка која изнесува 46,1 милион евра.

„Атлантик Група во минатата година покажа високо ниво на стабилност и покрај економските пореметувања предизвикани од продолжената пандемија со Ковид-19 и потешкотиите во глобалните ланци на набавка, а јубилејната 30-та година од постоењето ја заклучивме со историски највисоки приходи.

Раст бележат сите деловни области, благодарение на, измеѓу останатото, значајните маркетиншки и капитални вложувања, но и подобрата епидемиолошка ситуација на сите пазари, како и значајно подобрената туристичка сезона во Хрватска во однос на 2020 година.

Посебно сме горди дека во минатата година на ниво на цела група го зголемивме вложувањето во вработените преку пораст на платата и нови модели на наградување“, изјави претседателот на Управата, Емил Тедески.

Фармација, Донат и Цедевита го предводат растот.

Најголем раст од 12,1% оствари аптекарскиот ланец Фармација, додека помеѓу деловните области предводи Донат со раст од 11,5% и стратешката области Пијалаци, чиј водечки бренд е Цедевита, со раст од 11,4%. Кафето како поединечно најголема категорија со учество од 21% во вкупниот приход и главните брендови Баркафе и Гранд кафе, исто така, се истакнува со раст од 8,1%. Помеѓу дистрибутивните области предничи Хрватска со раст од 12,8%, БИХ со раст од 8,8% и Србија со раст од 8,3%. Сопствените брендови учествуваат во вкупната продажба со 62,6%, екстерните брендови со 28,1%, а Фармација учествува со 9,3% во приходите од продажба.

Нови погони, унапредени производи и посилен Надзорен одбор.

Крајот на годината, во согласност со стратегијата за дезинвестирање на не-клучните дејности, Атлантик ја заклучи со продажбата на брендот за детска прехрана Беби. Откако во средината на годината беше затворен процесот на продажба на брендот на компанијата Нелт, во ноември локацијата Мирна во Словенија, каде што се произведуваше асортиманот на Беби, го презема стратешкиот партнер – австриската компанија Гитис. Атлантик продолжи да го насочува фокусот на зајакнување на главните категории кои ги сочинуваат кафето, деликатесните намази, солени грицки, чоколада и безалкохолни пијалаци.

Во текот на 2021 година Атлантик Група ги продолжи планираните инвестиции, меѓу кои се исткануваат вложувањата во технологија во Атлантик Штарк, новите амбалажи на пакување на Цедевита, како и новиот производен погон на Аргета кој се наоѓа во околината на Вараждин. Се работи за инвестиција во вкупна вредност од преку 50 милиони евра, со чија реализација се планира отворање на до 150 нови работни места. Во областа Нов раст, на пазарите Хрватска и Словенија се лансирани два нови брендови – чоколадата Џими Фантастик и палетата производи на база на овес Boom Box, со исклучително позитивни продажни резултати.

Вкупните достигнувања беа препознаени и од пазарот на капитал, па така во 2021 година Атлантик имаше историски рекордни вредности на акциите, а Собранието на Атлантик Група одлучи да исплати рекорден износ на дивиденда по акција. Компанијата по петти пат ја доби првата награда за односи со инвеститорите која се доделува во соработка со Пословни дневник и Загрепската берза и наградата за корпоративно управување во организација на Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги (ХАНФА) и Јутарњи лист. Исто така, според истражувањето спроведено од МојПосао, Атлантик е петти најпосакуван работодавач во Хрватска и е меѓу првите 3 работодавачи во однос на истражувањето за ангажираност на вработените.

Конечно, во декември беше договорено проширување на Надзорниот одбор од седум на девет члена, а составот на ова тело го зајакнаа д-р Весна Невистиќ, искусен експерт за банкарство, реструктуирање и корпоративен развој и Зоран Вучиниќ, докажан глобален менаџер со многу успешна меѓународна кариера во областа на стоки за широка потрошувачка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg