Ракометарите на Работнички одат по патеките на „новите шампиони“

Како поттик да продолжат да се натпреваруваат во Првата лига, Mozzart им донираше нова опрема

rakometarite-na-rabotnichki-odat-po-patekite-na-novite-shampioni-01.jpg

На ракометните терени ширум земјата се појавуваат нови шампиони, а Mozzart е секогаш тука за да помогне во развојот на омилениот спорт на нацијата.

Веднаш по акцијата „Повеќе од гол“, во рамките на која за време на Европското првенство се собраа средства за отворање на бесплатна ракометна школа, оваа општествено одговорна компанија продолжи да им помага и на клубовите - РК Работнички доби два комплети дресови, како поттик за понатамошно натпреварување во А групата од Првата лига.

Преку акцијата „Нови дресови за нови шампиони“, Mozzart досега опреми речиси стотина клубови, а меѓу нив има многу ракометни.

„Ваквите иницијативи се одлични за поддршка на клубовите кои не се на самиот врв. Дресовите се многу квалитетни и сe радуваме што во продолжението на сезоната играчите ќе настапуваат во поубаво издание. Секоја помош има значење, а акцијата на Mozzart е за секоја пофалба“, нагласи спортскиот директор на РК Работнички, Драган Николовски.

Само во 2021 година до адресите на дури 36 спортски колективи ширум земјата пристигнаа вредни пакети, а од регионалниот лидер во приредување на игри на среќа порачуваат дека акцијата продолжува со полна пареа и оваа година.

Тоа е само дел од општествено одговорниот мозаик кој Mozzart го склопува со години, бидејќи освен што го поддржува спортот, многу помага и во областа на здравството, културата, екологијата... Минатата година оваа компанија издвои повеќе од 150.000 евра за помош на заедницата.

Спортски спонзорства

Воедно, во 2021 година, Mozzart стана спонзор на РК Пелистер, ФК Шкупи, ФК Академија Пандев и на судиите од кошаркарската федерација. Оваа компанија, исто така, ги поддржа и е-спортистите и бодибилдерите на нивниот пат до медалите на светските натпреварувања.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg