A1 Македонија петта година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет

„Интернетот не e само игра...Кликај безбедно!” продолжува и во второто полугодие од учебната 2021/2022 година

a1-makedonija-petta-godina-po-red-so-edukacija-na-decata-za-bezbedno-koristenje-na-internet-01.jpg

Скопје, 23.02.2022 г. – Едукативната програма за деца - „Интернетот не e само игра...Кликај безбедно!” на А1 Македонија продолжува и во второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Новиот циклус работилници започна со онлајн предавање во О.О.У. „Григор Прличев“ во Охрид за учениците од 4-то одделение.

„Ни претставува особена чест и задоволство што и оваа, петта година по ред, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој  на образованието продолжуваме со предавања за да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот.

Интересот од страна на учениците, наставниот кадар но и на родителите не стивнува, а тоа е дополнителна потврда за потребата од едукација од ваков вид“- изјави Елена Димовска, Раководител на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

„Навистина ни е драго што имавме можност да бидеме дел од првото предавање за оваа година од едукативниот проект на А1 Македонија “Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!”. Предавачите на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации, ни ја доловија суштината на интернетот, со особен фокус на безбедноста при користењето на светската мрежа.

Имавме можност да слушнеме многу корисни совети и насоки како правилно да го користиме интернетот но најважно од сè, како децата да се заштитат и да бидат безбедни додека сурфаат на светската мрежа” – изјави директорката на училиштето Лилјана Ефтимовска.

До крајот на учебната година се предвидени уште најмалку 5 работилници во Скопје и неколку градови во Македонија. Предавањата ги реализираат волонтери - вработени во А1 Македонија, кои преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.

За „Интернетот не е само игра…Кликај Безбедно!“

Проектот „Интернетот не е само игра...Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата “Интернет за сите на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година. Во рамките на проектот, предавањата ги проследија повеќе од 3000 четврто-одделенци, од 13 градови во земјава, а активно беа вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата. 

Повеќе информации за едукативната програма Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно се достапни на веб стрaницата на А1 Македонија.

a1-makedonija-petta-godina-po-red-so-edukacija-na-decata-za-bezbedno-koristenje-na-internet-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg