Зошто заводникот од „Изнајмена љубов“ чекаше 6 години пред да ја запроси сопругата?
- Детали
- среда, 23 февруари 2022
Турскиот заводник кој со својата улога во „Изнајмена љубов“ги освои срцата на понежниот пол, Бариш Ардуч, пред неполни две години се ожени со својата долгогодишна девојка, актерката и сценаристка Ѓупсе Озај, која ја запозна на снимање на заеднички проект.
Врската на Бариш и Ѓупсе, која започна во 2014-та година, се смета за една од најстабилните во филмската и ТВ индустрија во Турција. Иако тие се обидуваат да ја чуваат својата љубов далеку од очите на јавноста, таа сепак наидува на илјадници коментари по социјалните медиуми.
Многу фанови константно се прашуваa зошто Бариш и Ѓупсе толку долго чекаа за да застанат на лудиот камен. Тие се венчаа летото 2020-та година во скромна и интимна церемонија со најблиските.
„Ние отсекогаш имавме намера да се венчаме, но бракот за нас не е игра. Нашата цел, пред сè, беше да се фокусираме на нашите кариери.
Разбирам дека секој пар сака да ја круниса својата љубов со брак, но тоа не е единствена причина за еден толку важен чекор. Ниту Ѓупсе, ниту јас, сакавме да си ја расипеме среќата со тоа што ќе донесеме избрзана одлука за венчавка.“, изјави Бариш во интервју за турскиот Hello!
Во интервјуто, Бариш се осврна и на неговата зрелост низ годините како клучна за донесувањето на правилната одлука во правилно време:
„Порано бев многу импулсивен и слепо се придржував до вистината во која што верував. Не слушав никого. Но, не е така. Сега не сум рамнодушен кон мислењата на моите најблиски. Со текот на времето, и во мојата врска со Ѓупсе, почувствував олеснување и приземјување.“
Бариш Ајдуч нашата публика го знае како харизматичниот Омер во „Изнајмена љубов“. По улогата што му донесе голема слава, сега го гледаме како младиот Кузгун во фантастичната серија „Гавран“.
Серијата ја раскажува тажната приказна на Кузгун, чијшто семеен живот целосно се менува откако неговиот татко, кој работи како полицаец, ќе биде предаден од негов колега и избркан од полицијата поради скандал со дрога.
Имено, таткото на Кузгун одбива да прифати мито понудено од страна на познат нарко-бос, додека неговиот пријател и колега, Рифат, ја прифаќа понудата. Потоа, Рифат станува десна рака на шефот на подземјето, а таткото на Кузгун завршува во затвор. Со тоа, семејството на Кузгун се разделува, неговата мајка и браќа и сестри го напуштаат, а тој останува да се грижи сам за себе.
20 години подоцна, Кузгун е подготвен да се одмазди. Обичниот човек генерално претпочита да ја заборави сета болка во детството. Сепак, Кузгун претпочита да не заборави, туку да се трансформира во совршен меч на одмаздата.
Кузгун прави план да се инфилтрира во бандата на Рифат и потоа да стане најмоќниот човек во Истанбул. За да ја постигне својата цел, тој ја користи ќерката на Рифат, Дила. Со помош на Дила, Кузгун започнува да работи со бандата на Рифат.
Приказната во серијата „Гавран“ раскажува за тоа како силите на љубовта и одмаздата спојуваат двајца млади луѓе по 20 години. Дали Кузгун ќе заборави на своето минато и ќе успее да живее во мир? Дали Кузгун ќе се откаже од одмаздата заради Дила? Дали нивната љубов ќе победи?
Серијата „Гавран“ можете да ја гледате секој ден од 18:25 на каналот Dizi.