Идеално решение за да ги фотографирате најубавите моменти при патување

Поминавте денови во летање, возење, менување возови или можеби дури и комбинација од сè ова за да стигнете до вашата дестинација од соништата?

idealno-reshenie-za-da-gi-fotografirate-najubavite-momenti-pri-patuvanje-01.jpg

И сега конечно сте тука, местото за кое отсекогаш сте сонувале, местото за кое сте раскажувале на пријателите, местото за кое со месеци им додевате на вашите колеги. Не сакате да пропуштите ниту еден момент, ниту еден спомен и секако уште долго, долго по враќањето ќе сакате да се навраќате на омилените моменти листајки ги сликите во вашиот телефон. Но, не секогаш она што го гледаме и на кое се восхитуваме успеваме да го доловиме на слика.

За да немате такви грижи тргнете подготвени со Samsung S 22 или S22+ кои со својата извонредна камера ќе ве направат вистински фото-професионалец. Убаво проучете ги следниве неколку совети од професионални фотографи и бидете сигурни дека по ова патување за вашиот тајмлајн на Instagram долго ќе се зборува.

Светлината е најважна – ловете ги златните и сините часови

Добрата светлина е можеби наједноставниот, но воедно најважниот елемент на кој треба да внимавате. Златниот час е оној магичен момент кога сонцето е ниско на небото и фрла заносен, топол сјај низ сцената која сте ја одбрале за сликање. Синиот час е кога сонцето е под хоризонтот, а небото добива бескрајно сина нијанса. Станете рано и останете надвор доцна за да го искористите максимумот од овие два магични моменти од денот.

Ако не сте утринска личност, мала помош не е на одмет. Adaptive Pixel кај Samsung S 22 и S22+ ги поместува пикселите за да одговараат на осветлувањето. Adaptive Pixel интелигентно преминува во режим на висока резолуција со 50 MP и режим со висока чувствителност од 12 MP, во зависно од осветлувањето. Може и истовремено да ги користи двата режима и брзо да ги спојува кадрите за беспрекорно светли, остри слики.

idealno-reshenie-za-da-gi-fotografirate-najubavite-momenti-pri-patuvanje-02.jpg

Доловете живописни моменти

Најдобрите фотографии се оние кои ве враќаат во времето, будат емоција и дозволуваат да се изгубите во одреден момент од минатото. Замислете секој пат кога ќе ја погледнете фотографијата да се чувствувате небаре повторно нуркате во тиркизните солени води или кампувате под ѕвезденото небо на планина. Водните површини секогаш најубаво изгледаат на пладне, кога синилото е најживописно. И секако не заборавајте да се движите, менувате агли, кадри, едноставно експериментирајте.

Кога треба да се улови ветер, движење, прекршување на светлината итн. Samsung S 22 и S22+, имаат алатка Detail Enhancer која интелигентно ги подобрува снимките, приспособувајќи ги сенките и истакнувањата. Тројната задна камера и селфи камерата нудат иновативен хардвер и софтвер за камера, така што лесно може да пополните цела галерија со содржини вредни за споделување. Имате професионален фото-комплет што го собира во една рака.

Планирајте ги вашите фотографии

Пред да пристигнете на вашата дестинација од соништата, поминете неколку часа планирајќи ја вашата листа со места што сакате да ги фотографирате. Побарајте инспирација од Instagram, Pinterest, туристички водичи, списанија и блогови. Мапирајте ги локации кои сакате да ги овековечите и испланирајте кој дел од денот е оптимален за да го извадите најдоброто од кадарот.

Во кадарот ви влетала фотобомба? Не грижете се, со надградената опција Object Eraser во Samsung S 22 и S22+ имаат опција рачно да ги отстраните луѓето или предметите, сенки и рефлексии случајно влезени во кадар и да ви остане само она што сакате да остане запаметено (и не, ова не важи за бришење на поранешниот од сликите.)

idealno-reshenie-za-da-gi-fotografirate-najubavite-momenti-pri-patuvanje-03.jpg

Емоција и спонтаност

Покрај техничкиот момент, најважниот дел од фотографирањето е да се долови емоцијата. Пред да го притиснете копчето размислете: „Како е чувството да се биде овде и како можам да ја прикажам оваа емоција?“ Направете приказна, доловете ја спонтаноста, фокусирајте се на искрените насмевки. Најубавата фотографија секогаш е онаа која не е претерано стерилна и позерска , зар не?  Искрени, незгодни, инспиративни, возбудливи моменти кои навистина не можете да ги планирате. Затоа, чувајте го вашиот  Samsung S 22 или S22+, при рака и не плашете се да правите искрени фотографии во од.

Композиција

Добрата композиција може да биде разликата помеѓу просечната фотографија и наградуваните фотографии. Веројатно сте слушнале за тоа колку е важно правилно да се состави кадарот, и се обложувам дека ако некогаш сте прочитале прирачник за фотографија, сте наишле на „правилото на третини“.

Концептот е следен - ја делите вашата слика на 9 еднакви квадрати, хоризонтално и вертикално. Потоа, со имагинарната 3*3 решетка од 9 сегменти формирана од по две хоризонтални и вертикални линии, предметот на сликата се поставува на пресекот на тие линии на поделба или заедно со една од самите линии.Кога се користи правилото за третини, има четири точки на интерес, а тие се на точките што се вкрстуваат. Во идеална ситуација, би го поставиле вашиот предмет на една од овие точки на интерес. Идејата зад правилото за третини е математичка илузија за она што нашите очи природно го сметаат за пријатно.

idealno-reshenie-za-da-gi-fotografirate-najubavite-momenti-pri-patuvanje-04.jpg

Комплетната опрема за фотографирање ви ја собира во џеб

Не треба да трошите илјадници евра на професионални фотоапарати за да ги добиете најдобрите снимки. Имате совршени камери во вашиот Samsung S 22 или S22+.

Инвестирајте во создавање спомени, истажувајќи ги бескрајните можности кои ги нуди професиналната камера на Samsung S 22 и S22+,  на пример: со опцијата Space Zoom зумирајте до 3x, 30x и ќе добиете јасни детали, дури и оддалеку, со опцијата Auto Framing, без разлика дали сте во движење или фотобомби ви влегуваат или излегуваат од кадарот, камерата ќе остане автоматски фокусирана и центрирана за да добиете видео подготвено за вчитување, тука е и Director’s View , истовремено снимање со сите камери, симултано снимајќи ги и активностите и својата реакција. Смени го аголот за нова гледна точка и зачувајте ги оригиналите за да направите верзија на режисерот и секако Single Take.

Ве иснпириравме доволно? Сега сè што навистина ви треба е Samsung S 22 или S22+, идеја за следна дестинација и ентузијазам!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg