Smart Home – Тренд во ентериeрното уредување

Технологијата драматично го промени секој аспект од нашиот секојдневен живот. Благодарение на технологијата добиваме безброј нови идеи и решенија за како да си го олесниме секојдневието.

smart-home-trend-vo-enteriernoto-ureduvanje-01.jpg

Има моменти кога се што сакаме е малку повеќе леснотија. Зошто ние самите не го промениме нашето секојдневие?

Паметен дом – Фантазија или реалност

Кога не сте дома ви се будат сомнежи дека нешто не е во ред. Се прашувате дали го затворивте прозорецот, дали сте ја исклучиле пеглата, што прават вашите деца кога се сами дома?

Дали некогаш сте сонувале за совршен дом? Дом во кој сакате да се вратите, дом кој ве чека. Сега може лесно и едноставно да следиме и контролораме буквално се, од осветлување и домашна безбедност до греење, вентилација и климатизација од нашите паметни телефони и таблети. Да, не станува збор за фантазија, тука за реалност.

А1 Македонија ги препознава новите трендови и потребите на своите корисници

А1 Smart Home е паметен систем за управување со електричните уреди во домаќинството, со цел да се зголеми удобноста, сигурноста и безбедноста. Со А1 Smart Home луѓето градат врска помеѓу технологијата и домот.

Со користење на едноставна апликација на вашиот смартфон, може да управувате со електричните уреди во домот и да проверите дали е се во ред, во секое време, од било кое место. На овој начин ќе можете да ги намалите трошоците и да заштедите време.

Целта на А1 Smart Home е да ја зголеми удобноста во вашиот дом. Со активација на А1 Smart Home добивате можност да изберете помеѓу различните уреди и да ја направете вистинската комбинација за вас.

Со помош на паметниот приклучувач можете да го вклучите или да го исклучите кој било електричен уред што е со моќност до 2500 W преку смартфон или таблет, без разлика каде се наоѓате.

Секогаш ќе може да бидете сигурни дека вратите и прозорците во вашиот дом се затворени благодарение на сензорот што функционира со магнет. Автоматски добивате известување на вашиот смартфон доколку нешто сте оставиле отворено.

Со внатрешната камера цел ден можете да следите што се случува во вашиот дом, со можност за HD видеостриминг и ноќно снимање.

Секој член од семејството ќе може да управува со уредите во домот.

Повеќе информации можете да најдете на официјалната страна на А1 Македонија или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg