Роденденско интервју со Бојана Скендеровски: За љубовта кон животот

Бојана Скендеровска е родена на 14-ти февруари, па на овој ден ги слави и Денот на вљубените и Св. Трифун, како и својот роденден. Што најмногу сака да слави на овој ден, кој ѝ е омилениот роденден досега и кој е поголем романтичар – таа или сопругот? Дознајте во роденденското интервју во продолжение.

rodendensko-intervju-so-bojana-skenderovski-za-ljubovta-kon-zhivotot-01.jpg

Слатка и инспиративна коинциденција е што роденденот ти се поклопува со денот кога се слави убавината на љубовта и винските вкусови. Со оглед на тоа дека си родена на празник што се слави многу низ целиот свет, па и кај нас, - што ќе слави Бојана на овој ден, - Св. Валентин, Св. Трифун, музиката, успесите, семејството, животот или пак некој микс од сите заедно?

Вистина е дека мојот роденден се совпаѓа на ист ден кога се потсетуваме дека секој ден треба да сме исполнети со љубов кон она кое нè инспирира и восхитува во животот. Роденденот ќе го прославам со моето семејство и ќе го прославиме заедно почетниот успех на „Зад завесите“ и секако она коешто следи во 2022ра.

На 14ти февруари секоја година освен евидентните причини и празници на овој ден, јас ја славам љубовта кон животот и музиката, досегашните успеси и она кое следи. Сепак тоа е најдобриот начин да сме среќни и да сме подобри од вчера.

Раскажете ни кој бил вашиот омилен роденден досега имајќи го во предвид и поклопувањето со Св. Валентин и Св. Трифун?

Секој роденден! Буквално секој затоа што секоја година е изненадување за мене лично во која насока ќе го прославам денот кога ми е потсетување колку е важна љубовта кон сè во животот, не само кон саканите и кон материјалните нешта. Туку љубовта кон она коешто нè исполнува, нè инспирира, нè мотивира да дискутираме важни нешта во уметноста, музиката, општеството.

Така настана и „Зад завесите“ и токму тој вид на љубов и посветеност беше една од причините за оваа песна.

rodendensko-intervju-so-bojana-skenderovski-za-ljubovta-kon-zhivotot-02.jpg

Кој е поголем романтичар, - вие или вашиот сопруг?

Иако се мисли како некој популарен стереотип дека мажите не се романтични и незаинтересирани за своите понежни половини, морам да признаам дека мојот сопруг не е таков. Тој секогаш наоѓа начин како да ме изненади и да ми го исполни денот, а не само за мојот роденден или само на некој одреден ден и празник.

Ме изненадува тогаш кога најмалку очекувам, со најмалите работи како подарување на цвеќе, па сѐ до купување на накит, излегување на вечера или некое патување. Секако посветеноста и љубовта е возвратена секогаш од моја страна. Обожавам да му подготвам вечера или пак да организирам некој одмор каде ќе се тргнеме двајцата од обврските и ќе се посветиме на себеси и ќе се потсетиме дека треба да сме благодарни за секој ден заедно.

Така што одговорот на прашањето е можеби дека сме еднакви на тоа поле кога е во прашање романтиката.

Како би им препорачале на нашите читатели да го прослават денешниот ден?

На читателите на CRNOBELO.com би им препорачала дека не е важно кој празник го слават како и на кој начин. Важно е да се најде начин да се прослави потсетувањето за колку е важна љубовта секој ден во годината.

Без разлика дали ќе прослават со саканата личност, со пријателите или пак ќе се потсетат дека треба да се сакаме и себеси и најблиските подеднакво и да продолжиме да уживаме во она коешто го прави нашиот живот поубав.

Да го сакаме и чуваме убавото постојано. Да ја славиме љубовта секој ден, затоа што никогаш не знаеме што се крие зад завесите на утрешниот ден.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg