Јавен повик до средните училишта: Учество во натпреварувачка едукативна симулација „Имам став“

javen-povik-do-srednite-uchilishta-uchestvo-vo-natprevaruvachka-edukativna-simulacija-imam-stav-01.jpg

Скопје, 11.02.2022 – Отворено е пријавувањето за новата сезона на едукативната активност „Имам став!“, организирана од страна на Собранието на Република Северна Македонија, која ќе се одржи виртуелно во текот на месеците март и април. На активноста може да се пријави секое средно училиште од земјата. Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на поднесување предлог-законот во рамките на Собранието на Република Северна Македонија. Како што самото име посочува, активноста со која раководи Парламентарниот Институт, ги поттикнува учесниците да имаат свој став во врска со актуелните политички теми и ќе имаат можност да ги бранат приложувајќи свои аргументи. Една од најважните цели на оваа активност е да се приближи работата на Собранието и донесувањето закони до младите. Тоа ќе придонесе во развивање на свеста за демократија и поттикнување како и подготовка за општествена и политичка вклученост и критичност. Оваа активност е подготвена по примерот на едукативната активност „My Point of View“ од страна на Сојузниот Парламент на Швајцарската Конфедерација.

Учесници на симулацијата, којашто ќе започне на 15.03.2022, се ученици од средно образование, кои се предводени од најмногу тројца ментори-професори. Учеството на „Имам став!“ е колективно, односно учесниците се пријавуваат како група, а не индивидуално. Поради состојбата во земјата врз којашто влијае пандемијата, предизвикана од COVID-19, Парламентарниот Институт реши оваа година симулираните седници да се одржуваат виртуелно, со користење на софтверска платформа за онлајн колаборација.

Едукативната активност „Имам став!“ се одржува од 2019 година. Училиштата што досега се натпреварувале го споделуваат своето искуство и ја истакнуваат важноста на самата активност, којашто сметаат дека позитивно влијае врз учениците.

javen-povik-do-srednite-uchilishta-uchestvo-vo-natprevaruvachka-edukativna-simulacija-imam-stav-02.jpg

„Како учесник во проектот „Имам став!“ заедно со моите ученици, со големо задоволство изјавувам дека тоа беше едно прекрасно искуство за сите нас кое воедно позитивно влијаеше и врз учениците околу оформувањето на нивните ставови. Се надеваме и во иднина пак ќе соработуваме т.е. ќе нè поканите за да учествуваме во вакви активности.“ – изјави Ганимете Речи-Бислими, професорка во СУГС „Арсение Јовков“ од Скопје

Игор Христов, директорот на СОУ „Љупчо Сантов“- Кочани, училиште кое повеќе години во континуитет учествува на активноста „Имам став!“ изјави:

„Учениците сакаат да учествуваат на вакви активности бидејќи афирмираат свое критичко размислување, се запознаваат подлабоко со законодавниот дом, како и неговата важност и значење во општеството. Учениците го осознаваат значењето на граѓанскиот активизам преку којшто може да се вршат иницијативи за менување на правните норми, како и важноста од владеењето на правото во нашата држава. И за крај, се поттикнува креативниот и натпреварувачкиот дух на учениците од различни училишта. Ова е добра практична платформа за покажување и изразување на ученичките знаења од областа на правото“.

javen-povik-do-srednite-uchilishta-uchestvo-vo-natprevaruvachka-edukativna-simulacija-imam-stav-03.jpg

„Младината е иднината на државата, а секоја држава е иднината и напредокот на светот. „Имам став“ е токму таква активност, која што ни дава можност да се ставиме во кожата на луѓето кои одлучуваат за нас: Парламентот, Собранието и пратениците; како е да ја чувствувавме нивната енергија и свет? Треба да бидеме претпазливи и да одлучиме кој ќе биде нашиот животен избор, кој што бара претходни подготовки. „Имам став“ е токму активност со претходна подготовка, подобра перцепција на оваа професија, одлично говорење и ораторски вештини. Да се биде правник и водич на една држава значи многу, а ретко кој умее и успева. Токму од оваа креативност ќе пронајдеме кој е најдобриот, бидејќи ние не учиме од најуспешните, туку од најискусните.“ – изјави Јована Петровска, ученичка од СЕПУГС Васил Антевски Дрен, која три пати досега учествувала на „Имам став!“.

javen-povik-do-srednite-uchilishta-uchestvo-vo-natprevaruvachka-edukativna-simulacija-imam-stav-05.jpeg

Препорачливо е училиштата да земат учество и да се вклучат бидејќи младите развиваат свои ставови за актуелни теми од општеството и аргументираат на истите. Со истото се поттикнува и компетитивен карактер, односно училиштата се натпреваруваат помеѓу себе. На финалниот настан учествуваат најдобрите три училишта и победникот се закитува со свечен пехар доделен од страна на претседателот на Собранието.

Сите учесници добиваат виртуелна обиколка на зградата на Собранието, како и награди и признанија. Рокот за пријавување завршува на 20.02.2022 година.

Дознајте повеќе на следниот видео линк:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg