Шпаркасе Банка овозможи приватно здравствено осигурување за своите вработени

Грижата за вработените и нивното задоволство е еден од најзначајните приоритети на Шпаркасе Банка. Водејќи се од стратешката определба постојано да ги подобрува условите за работа и поволностите за своите вработени, Шпаркасе Банка АД Скопје овозможи приватно здравствено осигурување за сите свои вработени!

shparkase-banka-ovozmozhi-privatno-zdravstveno-osiguruvanje-za-svoite-vraboteni-01.jpg

Имено, од јануари 2022 година сите вработени имаат можност да ги користат придобивките од приватното здравствено осигурување што Банката го склучи во соработка со Кроација осигурување - Неживот.

Веруваме дека ваквиот придонес кон здравјето на нашите вработени и нивните семејства, ќе им даде дополнителна сигурност и благосостојба во нивниот секојдневен живот. Остануваме посветени на континуирано создавање подобри услови за работа, со цел нашите вработени да се чувствуваат среќно и задоволно.

Со вклучувањето на приватното здравствено осигурување во списокот придобивки за своите вработени, Шпаркасе Банка ја потврдува својата грижа кон вработените и ја зацврстува својата позиција како посакуван работодавач во нашата држава.

Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg