Натура терапи со донаторска акција за Клиниката за детски болести!

Натура терапи започна голема хуманитарна акција „Секое дете заслужува да расте здраво и среќно“ со идеја да и се помогне на Клиниката за детски болести! Крајната цел е да се соберат што повеќе средства кои ќе се искористат за набавка на опрема која недостига во оваа здравствена установа, а со која ќе се овозможат подобри услови за децата на кои тоа им е најпотребно.

natura-terapi-so-donatorska-akcija-za-klinikata-za-detski-bolesti-01.jpg

Со секој купен пакет производи од НАТУРА ТЕРАПИ компанијата ќе издвои средства кои ќе бидат донирани за набавка на потребната опрема. Секое дете заслужува да расте здраво и среќно, а сите ние заедно треба да помогнеме и да им обезбедиме подобра нега и грижа, е видео пораката од оваа акција

НАТУРА ТЕРАПИ е дел од оваа заедница и од животните приказни на луѓето од Македонија и токму поради тоа ја иницираше оваа добротворна акција во која може да се вклучи секој поединец кој се чувствува хуман и е дел од оваа заедница.

Денес, обврска на една компанија не е само да произведува здрави и квалитетни производи кои им помагаат на луѓето во секојдневниот живот, туку и да помага во локалната заедница. Да покаже грижа, емпатија, да едуцира и континуирано да биде активна од интерес на сите. Силно придонесуваме во развивање на колективната свест и информираност на граѓаните за значењето и потребата од промени во животниот стил и употребата на природни додатоци на исхраната, со цел обезбедување на максимален животен потенцијал за секој поединец, изјави Сашко Дрвошански, нутриционист, Менаџер за истражување, развој и едукација во Натура Терапи и еден од иницијаторите на оваа хумана акција.

Тој дополнително истакна дека мисијата на Натура Терапи, е да ги поттикне луѓето да обрнат повеќе внимание на своето здравје, да користат природни додатоци во исхраната, во услови кога со вообичаената исхрана не се постигнуваат задоволителни резултати. Затоа во континуитет едуцираме за потребата од превенција, нудиме совети со кои им помагаме на луѓето да го одберат најдоброто за нив.

Со оваа акција сакаме и да ја поттикнеме хуманоста кај луѓето, а и да истакнеме дека паралелно со грижата за сопственото здравје (и купување на природни додатоци во исхраната), дека можат да помогнат и на другите.

НАТУРА ТЕРАПИ континуирано иницира и помага проекти од хуманитарен карактер отсликувајќи ја својата заложба за подобар живот за сите и развивајќи го чувството за помош, поддршка и солидарност во соработка со локалната заедница.

НАТУРА ТЕРАПИ – Пријател на детската клиника!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg