Македонскиот бренд Ла Дама со изненадувања по повод 29-тиот роденден и отворањето на нивната онлaјн продавница

Македонскиот бренд за хулахопки Ла Дама денеска прославува 29 години од постоење и по тој повод подготви изненадувања за потрошувачите на нивната ново отворена онлајн продавница ladama.mk.

makedonskiot-brend-la-dama-so-iznenaduvanja-po-povod-29-tiot-rodenden-i-otvoranjeto-na-nivnata-onlajn-prodavnica-01.jpg

- Во изминатите 29 години постоење, како македонски бренд, ги следиме потребите на нашите големи и мали Ла Дами, токму за нив континуирано креираме квалитетни и удобни производи. Голема благодарност до ФИТР кои ни дадоа поддршка за отворањето на нашата онлаjн продавница ladama.mk.

Сега сме поблиску до сите наши Ла Дами од кога и да е, и на првите 100 дами им нудиме можност да ги купат нашите производи со роденденски попуст од 29%, велат од Ла Дама.

Од Ла Дама се присетуваат дека нивната приказната започнала во 1992 година, во семеен дом во Струмица, каде главната улогата ја имал еден брачен пар со претприемачки дух.

- Зборот храброст ќе го разберат само малкумина, оние кои имале свој приватен бизнис во почетокот на 90-тите, додека зборот интуиција ќе го разберат оние кои ги води страста кон успехот. Денеска горди сме на фактот што токму ние, на 17ти декември 1992, ги имаме исплетено првите македонските хулахопки - свилените хулахопки ЕМА.

Од тогаш наваму, воведовме многу новини во бизнисот и следиме модни трендови,  најважно од се е тоа што сме бренд инспириран од жени, создаден од жена за жени. Бескрајна благодарност до сите кои веруваат во Ла Дама, додаваат од Ла Дама.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg