А1 Македонија го лансира A1 Net Protect: За заштита од интернет закани и безбедно сурфање преку мобилен телефон

Скопје, 17.декември 2021г. – А1 Македонија најавува воведување на услугата А1 Net Protect наменета за сите А1 корисници на мобилната телефонија кои сакаат дополнителна заштита додека сурфаат на мобилен интернет.

a1-makedonija-go-lansira-a1-net-protect-za-zashtita-od-internet-zakani-i-bezbedno-surfanje-preku-mobilen-telefon-01.jpg

A1 Net Protect е услуга која го штити мобилниот уред од најразлични сајбер закани, небезбедни сајтови, вируси, веб-страници за кражба на лични податоци, малвер софтвери и нуди безбедност на мрежно ниво, што го отежнува пристапот на напаѓачите до податоците на мобилниот уред. Со ова, додека корисникот е поврзан на мобилната мрежа на А1, услугата автоматски ги детектира и блокира небезбедните веб-страници и апликации при што испраќа известување за детектирана интернет закана.

„Сите ние повеќе не можеме да замислиме ниту еден ден или час без да користиме мобилен интернет – на тој начин сме во тек со сите настани, стекнуваме нови знаења и остануваме постојано во комуникација со оние кои ни се важни. Тој факт го користат за жал и многу субјекти кои на малициозен начин се обидуваат да не намамат да оставиме лични податоци или се обидуваат да направат штета на нашиот уред, без да забележиме.  

Затоа е неопходно да го заштитиме мобилниот уред од бројните напади кои носат безбедносни ризици - А1 го воведува A1 Net Protect, услуга со чие активирање корисниците добиваат сигурност додека сурфаат преку мобилен, изјави Елена Панова, директорка на маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

Услугата A1 Net Protect е достапна за 0 денари во првите три месеци од нејзиното активирање, а по завршување на промотивниот период истата ќе чини симболични 29 денари месечно.

A1 Net Protect може да биде активирана преку СМС со текст START PROTECT на 140 007, преку апликацијата Мојот А1, со јавување во Контакт центар на 077 1234 или во најблискиот продажен салон на А1.

A1 Net Protect обезбедува заштита од:

  • Phishing - Обид да се преземат лични податоци за лице преку лажна е-мејл адреса или веб-страница, односно обид за кражба на идентитет.
  • Malware - Малициозен софтвер кој навлегува во мобилниот уред и предизвикува штета.  
  • Botnets – Злоупотреба на мобилниот уред за испраќање спам, вируси или лични податоци без да забележите.
  • Spamsites – Веб-страници кои прикажуваат лажни реклами кои ветуваат, на пример, дополнителни бенефити, попусти, награди или поволни цени.
  • Compromised – Хакирани веб-страници кои се користат за дистрибуција на малициозен софтвер.
  • Cryptomining - Генерација на дигитални валути (на пример, биткоини). Напаѓачите се обидуваат да „копаат“ дигитални валути со помош на корисничкиот уред и без знаење на корисникот. Уредот станува побавен и троши повеќе електрична енергија.

За повеќе информации пристапете на www.A1.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg