City Fashion најдобра продавница за облека во 2021 година – за луѓе со стил кои сакаат да остават впечаток
- Детали
- четврток, 16 декември 2021
Кога има љубов и посветеност кон работата, има и успех, а продавницата за облека на City Fashion, веќе 27 години е верен пријател на најдоброоблечените луѓе во Македонија. Сега долгогодишното посветено работење беше крунисано и со награда. Дефинитивно, заслужено!
Дали сте од оние луѓе кои со својот изглед оставаат впечаток каде и да се појават? Едноставно имате стил, зрачите и погледите по автоматизам се лепат на вас. Дали сте човек што има изострено око и сака префинети детали?
Ако е така, тогаш сигурно веќе добро ја знаете продавницата за облека на City Fashion. Продавница за луѓе кои секој ден се облекуваат како да станува збор за најдобриот ден од нивниот живот, продавница со чија помош лесно ќе изградите стил по кој ќе бидете препознатливи и запомнети.
Високата мода ни ја носи на дофат на рака повеќе од 27 години, а тоа што се сервира на модните шоуа на Karl Lagerfeld, Emprio Armani, Versace jeans couture, Michel Кors, Furla, Elisabeta Franchi за миг пристигнува и во Македонија.
Долгогодишниот труд и успешно опсојување на пазарот сега беше крунисано со награда.
Продавницата на City Fashion го освои првото место во категоријата бутици на традиционалната манифестација „Месец на трговијата” во организација на Град Скопје.
На 14.12 се одржа петнаесеттата по ред манифестација „Месец на трговијата”, во рамки на која Град Скопје ги прогласува најдобрите трговски објекти за 2021 година.
Истражувањето го спроведува агенцијата SWOT Research, а најдобрите трговски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи (mystery shopping), кои со вкупно 723 посети во 241 трговски објекти го оценуваа квалитетот на услугата според 7 критериуми.
„Оваа награда за продавницата на City Fashion е уште една потврда за нашето успешно работење и комплетната посветеност на врвната услуга и богата понуда за нашите верни купувачи.
Истовремено наградата претставува дополнителна мотивација да продолжиме да работиме со полна пареа и да го аплицираме целото наше искуство и знаење во сите наши продавници, со цел поголемо задоволство на купувачите и поголеми успеси за самата компанија“, изјави Ненад Атанасов, генералниот менаџер на компанијата.
Растот и развојот, City Fashion го продолжува и во 2021 година со новоотворената ексклузивна мултибренд продавница City fashion во трговскиот центар East Gate Mall, но и со редовните атрактивни понуди во останатите 5 продавници лоцирани во Skopje City Mall, ГТЦ и ТЦ Беверли Хилс.
Првата City Fashion продавница е отворена во 1995 година (тогаш позната како Pierre Cardin) како почеток на една голема модна приказна.
Зад City Fashion продавниците стои компанјата „Нени компани” основана во 1994 година, која 27 години подоцна е застапник на голем број светски брендови како: Emporio Armani, Karl Lagerfeld, Pierre Cardin, JOOP, Armani exchange, EA7, Antony Morato, Fratelli Rossetti, Hogan, Michael Kors, Elisabetta Franchi, Furla, Versace jeans Couture, Fracomina, Betty Barclay, Wllensteyn, John Richmond, Silvian Heach.