Добитници на награди - Мажи на годината 2021
- Детали
- среда, 15 декември 2021
15.12.2021, Скопје – Сашко Јовев е Маж на годината за 2021 година, на официјалниот избор на Мажи на годината за 2021 година во организација Џентлмен Магазин. На гала вечерта која се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 13-те најуспешни Мажи во Македонија за 2021 година.
На четвртиот официјален избор се избираат мажите на годината за 2021 во 13 категории. Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Сашко Јовев, за Маж странец во Македонија наградата ја доби Дејвид Гир, Амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје.
Во категоријата Менаџер на годината за 2021 наградата ја доби генералниот директор на Нептун, Горан Цетинов, наградата за Млад менаџер отиде во рацете на Игор Милановиќ, менаџер за продажба на Huawei во Македонија, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе извршниот директор на дигиталната агенција Кара5, Војдан Карапетковски.
Маж со најголем придонес во културата беше избран актерот, продуцентот и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“,Симеон Мони Дамевски, Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија.
Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Македонското здружение на медицина на трудот, додека еден од најпознатиот македонски музички новинар и водител, а воедно и еден од најпрепознатливите гласови, господинот Драган Б. Костиќ, се заќити со наградата Маж со трајни вредности.
Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Борче Стаменов, наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Ламбро Патче, менаџерот за односи со јавноста и комуникации на Пивара Скопје АД, додека специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Дејан Георгиевски.
„Оваа вечер во DoubleTree by Hilton Skopje на една прекрасна гала манифестација, ги славевме успешните, оние кои се кредибилен мотив за општеството, кои вложуваат во својот личен развој и развојот на заедницата. Овој настан не прави многу сме среќни бидејќи успеавме успеавме да направиме настан кој четврта година буди огромен интерес во јавноста.
На едно место собрани убави луѓе, кои навистина даваат голем придонес во развој на џентлменската култура и генерално во заедницата е нешто кое не се опишува со зборови. Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати.
Изборот на Мажи на годината стана релевантен коректив за сите мажи, стана мотив да вложуваат во себе и општеството, мотив да бидат џентлемни кои ќе негуваат свој сопствен уникатен стил. Се гледаме наредна година повторно“, изјавија организаторите од Џентлмен Магазин.
Идејата за реализација и организација на настанот е на Џентлмен Магазин,а беше поддржан од DoubleTree by Hilton Skopje, Пивара Скопје АД, Schweeps, Amstel, Dan John, Badel Black, Antique Pelinkovac, SN Брокерско друштво, SN финансиско друштво, Евротип Обложувалници, Gold Felicia, и од голем број на медиуми кој безрезевно ја дадоа својата поддршка.
„Голема благодарност сакаме да искажеме до нашите поддржувачи кои заедно со нас го направија овој настан да биде ваков како што е. Благодарност голема до жири комисијата која четврта година по ред има една тешка работа да одлучи во нијанси кој ја заслужува помалку или повеќе оваа награда.
Благодарност до сите медиуми кои ни дадоа максимална поддршка во текот на овие неколку недели.Посебна благодарност до МРТ кои оваа година ги земаа правата за снимање и емитување на настанот, со што целокупната македонска јавност ќе може да ужива во овој преубав настан.”
По официјалниот дел гостите уживаа во забавата во добра музика и пијалок на кој ги споделуваа своите импресии, за време на доделувањето гостите добија пријатно изненадување со музички настап на Gold Felicia Cabaret Show.