Празнична магија во Ист Гејт Мол

praznichna-magija-vo-ist-gejt-mol-01.jpg

Скопје, 11 декември 2021

Ист Гејт Мол ја претставува новогодишната магија со богат календар на активности во текот на месец декември.

Како центар на шопинг и забава, Ист Гејт Мол ќе овозможи секојдневни оригинални активности, наменети за сите возрасти.

Од 10. - 11.12.2021 сите фанови на гејмингот имаат шанса да бидат дел од единствениот А1 Game Fest 2021 во Ист Гејт Мол, како најголемиот е-спорт настан во Македонија и ултимативно гејмерско доживување. Богатата програма на овој дводневен настан, освен најавените изненадувања и подароци за публиката, ја содржат и турнирите FIFA22 и Dota2, Tekken 7, Cosplay, CS:GO, како и гејмање со Steffonator и GP. A1 Game Fest-от може да се следи преку директен пренос на Facebook: А1 Македонија, Instagram: @a1makedonija и GG.MK, проследен од коментатори.

Во понеделник (13.12.2021), со почеток од 18:00 часот, во центарот на Ист Гејт се палат светилките на 12-метарската елка, со што празничните настани официјално започнуваат. Следи големо музичко и слатко изненадување, насловено како „Осветлување на Новогодишната елка во Ист Гејт Мол“. Секој посетител ќе може да ужива со Дедо Мраз, како и со Sarah Mace & The Christmas Girls, кои заеднички ќе ја осветлат пријатната зимска атмосфера во молот.

Календарот на празнични активности на Ист Гејт Мол изобилува со разновидни можности за забава и уживање во декември и јануари, како Design Gate (ексклузивна продажба) од 15.-20.12.2021, како и уникатниот „Unview the new - by BMW“ настан (25.12.2021).

Оваа празнична сезона, сите слушатели на добрата музика, како и посетителите во молот, ќе продолжи да ги забавува City Radio со студиото во живо во Ист Гејт Мол. А низ шопинг коридорите веќе може да се ужива и во изложбата ,,Изгледаш прекрасно денес” во организација на Europe House и Европска Комисија, која што ќе биде изложена до 10ти јануари.

praznichna-magija-vo-ist-gejt-mol-02.jpg

Со нетрпение исто така се очекуваат и останатите празнични настани во Ист Гејт Мол, како што се „Празничната и магична GLAM ревија“ на 16.12.2021 со почеток во 17:00 часот, „Музички танцов фестивал“ за сите дечиња како најмлади посетители на молот, на 18.12.2021 со почеток во 13:00 часот, „Christmas Cooking with Branko by Vitaminka & East Gate Mall“ на 23.12.2021 со почеток во 17:00 часот, „Wine & Dine Фестивал“ од 23.-25.12.2021, како и најавениот „Регионалниот Саем за туризам“ од 17.-18.12.2021 и Полифонија (детски хор), музичка платформа на млади уметници на 19.12.2021 од 12:00 часот и на 30.12.2021 со почеток од 17:00 часот.

Од своето отворање, најголемиот мол од европски ранг во регионот продолжува со уникатна понуда и магично празнично искуство, заедно со 250 популарни и реномирани брендови, од кои 40 за прв пат им станаа достапни на домашните, но и на странските, урбани љубители на комфорниот шопинг во пространиот Ист Гејт Мол, — како Zara и Zara Home, Kiko Milano, Under Armour, Cropp, XYZ, Housebrand, но и голем број на препознатливи брендови на оние кои го негуваат својот стил, Massimo Dutti, Nike, Madame Coco, Furla, Tods, Armani Exchange, Calvin Klein, Pandora, Patrizia Pepe, Valentino, Dsquared2, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, Babor Cosmetics, Neptun Electronics, Mango Man-Woman-kids, De Facto, Intimissimi, и уште многу други.

praznichna-magija-vo-ist-gejt-mol-03.jpg

Фокусот на Ист Гејт Мол е да ги исполни очекувањата на секој посетител, без разлика дали секоја од желбите содржи подароци за најблиските, зголемување на личната колекција на накит и очила, освежување на празничниот стил со удобни, но и модерни парчиња облека и обувки, или пак влегување во светот на најчитаните бестселери од удобноста на Café Literatura и впуштање во вистинско гастрономско уживање со семејството и пријателите, со вкусните специјалитети преку разновидниот кулинарски избор во Ист Гејт Мол.

Празничната магија е во Ист Гејт Мол.

Ти си центар.

praznichna-magija-vo-ist-gejt-mol-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg