Еднодневна изложба на илустрации во Гевгелија

Гевгелија, 3.12.2021: Денеска во филијалата на Халкбанк во Гевгелија беше поставена изложба на илустрации од уметникот Трајче Павлов, работени за „Сликовницата на Халки“, промовирана на крајот од месецот октомври.

ednodnevna-izlozhba-na-ilustracii-vo-gevgelija-01.JPG

Халкбанк е бренд кој во своето десетгодишно постоење во Македонија големо внимание посветува на општествената одговорност преку најразлични активности кои во основа имаат две силни компоненти – борбата за здрава животна средина и едукација на децата.

Овие две мисии банката ги продолжува и периодов со т.н еднодневни изложби на илустрации во своите филијали. Првата изложба беше во главната експозитура во Скопје на 19 ноември,  кога пред вработените и клиентите беа претставени 15 илустрации од уметникот Трајче Павлов, оригинално работени за „Сликовницата на Халки“.

ednodnevna-izlozhba-na-ilustracii-vo-gevgelija-02.JPG

Денеска истата поставка е во Гевгелија како изненадување и на вработените и на посетителите на банката, што е клучен момент на целиот проект:

Изложбата на илустрации со слончето Халки која не‘ дочека утрово, беше изненадување и за нас вработените и за нашите клиенти во филијалата во Гевгелија. Убаво е да се гледаат нивните позитивни реакции кога застануваат пред сликите. Некои не‘ распрашуваа за што се работи, некои фотографираа, а голем дел и го скенираа кодот за продажба на „Сликовницата на Халки“. Мислам дека спојот на уметност и хуманост е одличен и дека во овој период пред празниците ќе даде навистина големи резултати. Халкбанк отсекогаш се залагала за доброто и за убавото, водејќи сметка за обичниот човек и овој настан е во рамките на тие заложби. Го поздравувам и потегот проектот да дојде и во нашиот град. Изложбата и даде посебна живост на нашата експозитури која е доста посетена – вели Даниела Концалова, директорка на експозитурата.

ednodnevna-izlozhba-na-ilustracii-vo-gevgelija-03.JPG

Авантурата на Халки низ текст и илустрација ги обработува темите: екологија, прифаќање, инклузија и толеранција, важни за децата и нивниот иден светоглед. Сликовницата е работена во еколошки бои и на еко-хартија, а илустрациите се работени во класична акварелна техника.

ednodnevna-izlozhba-na-ilustracii-vo-gevgelija-4.JPG

Покрај илустрациите во филијалата во Гевгелија поставен е и QR кодот за купување на „Сликовницата на Халки“.  Средствата од продажбата целосно ќе бидат наменети за СОС Детско село.

Уметноста е медиум за ширење добрина!

ednodnevna-izlozhba-na-ilustracii-vo-gevgelija-5.JPG

Повеќе информации:

За промоцијата на „Сликовницата на Халки“: 

За Халки

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg